29 Март, 2024
0.0280

ВМРО-ДПМНЕ денеска ќе протестира и за Јанкулоска, ќе дојде и Јанушев

Објавено во: Македонија 23 Септември, 2020

Добивај вести на Viber

ВМРО-ДПМНЕ денеска го продолжува серијалот на протести, а овој пат же изрази незадоволство, како што велат од таму, против сите неправди. Маршот ќе започне од 18.30 часот од Министерството за правда до Основен суд Скопје 1. Лидерот Христијан Мицкоски, како што најави, протестот ќе биде и за поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска која чека упатен акт за издржување четиригодишна затворска казна за случајот „Тенк“.

„;Македониај е предводена од анационална власт која тргува со нашето достоинство, држава во која невини лежат во затвор само затоа што ја сакаат Македонија, бидејќи на властодржците Македонија им е трн во око.
Во Македонија под водство на оваа власт крвнички се претепуваат неистомисленици, судските пресуди ги диктира Заев, обвинителството се занимава само со опозицијата која критикува, а преспива на очигледните криминали на власта, врши прогон на медиуми и затвора новинари.
Македонија, исто така е држава во која за убиство во сообраќајка се добива само условна казна и се затвора мајка на мало дете затоа што легално набавила автомобил за потребите на државата, автомобил од кој не слезе Зоран Заев, а се затвора само затоа што е поранешен функционер на ВМРО - ДПМНЕ.
Во Македонија мафијата станува држава и го штити својот криминал и затоа - излегуваме на улица да им кажеме дека е доста!

Ако неправдата е закон, тогаш улицата е нашиот одговор. До финална победа!“, гласи повикот од страна на претседателот Мицкоски.

Во меѓувреме во најголемата опозициска партија се случија кадровски промени, а најголемата е оставката на генералниот секретар Игор Јанушев, кој сепак вчера најави дека ќе дојде на протестот и јавно му даде поддршка на Мицкоски.

„ВМРО е мојот дом, половина живот го посветив на организацијата - 21 година сум член на партијата, од в.д. претседател на МК на УМС до генерален секретар, така и ќе остане. Благодарност до сите со кои овие три години дишевме како едно. Битката продолжува затоа што имаме незавршена работа. Ги повикувам сите на кои Македонија им е важна да се спротивстават на мафијата. Претседателе членството е со вас, одиме до крај. Се гледаме на протестите, улиците, се до конечна победа. Да живее ВМРО, да е жива Македонија!“, напиша Јанушев на Фејсбук.



Можеби ќе ве интересира

Тројца починати и тројца тешко повредени во сообраќајка во Кичево

Тројца починати и тројца тешко повредени во сообраќајка во Кичево

„ОВА Е САМО ЕДЕН ПРИМЕР НА НЕОДГОВОРНО, НЕЧЕСНО И ВАЛКАНО ОДНЕСУВАЊЕ“: Петровска ја доби тужбата против Ковачки

„ОВА Е САМО ЕДЕН ПРИМЕР НА НЕОДГОВОРНО, НЕЧЕСНО И ВАЛКАНО ОДНЕСУВАЊЕ“: Петровска ја доби тужбата против Ковачки

Курто Дудуш: СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ни нудеа само директорски места, затоа отидовме со ДУИ

Курто Дудуш: СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ни нудеа само директорски места, затоа отидовме со ДУИ

КУЌЕН ПРИТВОР ЗА ДВАЈЦА ОД УАПСЕНИТЕ ЗА УБИСТВОТО НА ДОКТОРОТ - прифатено барањето на обвинителите

КУЌЕН ПРИТВОР ЗА ДВАЈЦА ОД УАПСЕНИТЕ ЗА УБИСТВОТО НА ДОКТОРОТ - прифатено барањето на обвинителите

„ДАЛИ Е ВИСТИНА ДЕКА СЕ ШТЕДИ НА ИНФУЗИЈА ЗА ДЕЦА И СЕ БАРА МИТО“ - лидерот на Левица со прашање за велешката болница

„ДАЛИ Е ВИСТИНА ДЕКА СЕ ШТЕДИ НА ИНФУЗИЈА ЗА ДЕЦА И СЕ БАРА МИТО“ - лидерот на Левица со прашање за велешката болница

ОВА СЕ ЦЕЛОСНИТЕ ПРАТЕНИЧКИ ЛИСТИ НА ВМРО-ДПМНЕ - еве кој ќе се натпреварува за собраниско столче во следниот парламентарен состав

ОВА СЕ ЦЕЛОСНИТЕ ПРАТЕНИЧКИ ЛИСТИ НА ВМРО-ДПМНЕ - еве кој ќе се натпреварува за собраниско столче во следниот парламентарен состав

ПРАШИНА И ПЕСОК ОД САХАРА - топлотен бран над Балканот и пошироко, температурите и УВ индексот повисоки од просекот

ПРАШИНА И ПЕСОК ОД САХАРА - топлотен бран над Балканот и пошироко, температурите и УВ индексот повисоки од просекот

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсено е уште едно лице за убиството на лекарот во Железара

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсено е уште едно лице за убиството на лекарот во Железара

ДАЛИ БИ ГО ПОСЕТИЛА ГРОБОТ НА ЕНВЕР ХОЏА: Билјана Ванковска даде одговор

ДАЛИ БИ ГО ПОСЕТИЛА ГРОБОТ НА ЕНВЕР ХОЏА: Билјана Ванковска даде одговор