29 Март, 2024
0.0264

ВМРО-ДПМНЕ денеска ќе протестира, Милошоски повикан во Обвинителството

Објавено во: Македонија 25 Февруари, 2020

Добивај вести на Viber

ВМРО-ДПМНЕ денеска организира протестен марш од Обвинителството до Врховниот суд во 18 часот за, како што велат од партијата, да се упати порака за почитување на правдата и ќе се спротистави на кршењето на Уставот и законите. 

Опозициската партија побара одговорност од лидерот на СДСМ Зоран Заев за разговорот кој го објавија, а во кој се слуша неговиот глас, за кој тврдат дека се мешал во одлуките на судската власт. 

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, при повикот до граѓаните за да му се придружат на овој марш наведе дека во снимката има јавно признание на Заев за злоупотреба на службената положба диктирајќи одлуки на Врховниот суд. Од СДСМ пак сметаат дека со објавена снимка се докажува спротивното, нивната борба против криминалот и корупцијата.

Претседателката на Унија на жени на ВМРО-ДПМНЕ, Благица Ласовска, вчера во емисијата „24 Тренд анализа“ рече дека е поттикот е огромен за да се излезе на еден ваков протест пред правосудните институции.

- Нормално е опозицијата да протестира за вакви работи и да бара правда. Не е нормално тоа што власта протестираше против правосудството пред извесно време. Со тоа им беше извршен притисок на обвинителството и на судовите. Од друга страна, дознавме дека Заев бил во спрега со СЈО и со судовите, рече пратеничката.

Пратеникот Антонио Милошоски денеска во Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција треба да ги предаде снимките што завчера ги објави на прес-конференција во врска со поранешниот премиер.

Тој ја објави втората аудиоснимка, во која, како што рече, се слуша гласот на Заев, како тој како премиер донесувал одлуки во име на Врховниот суд и на СЈО и оти бил во дослух со поранешната специјална обвинителка Катица Јанева за сите нејзини одлуки.

Првата „бомба“ Милошоски ја пушти за време на расправата во собраниската Комисија за европски прашања, на која се разгледуваше Предлог-законот за Јавно обвинителство. На снимката, наводно, Заев разговара со друго лице за финансирање на телевизијата на првоосомничениот во случајот „Рекет“, Бојан Јовановски.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсено е уште едно лице за убиството на лекарот во Железара

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсено е уште едно лице за убиството на лекарот во Железара

ДАЛИ БИ ГО ПОСЕТИЛА ГРОБОТ НА ЕНВЕР ХОЏА: Билјана Ванковска даде одговор

ДАЛИ БИ ГО ПОСЕТИЛА ГРОБОТ НА ЕНВЕР ХОЏА: Билјана Ванковска даде одговор

ДУДУШ КАЖА ДЕКА ГО ИЗБРКАЛЕ ОД СДСМ: Го пофали Ахмети и го нарече татко на нацијата

ДУДУШ КАЖА ДЕКА ГО ИЗБРКАЛЕ ОД СДСМ: Го пофали Ахмети и го нарече татко на нацијата

На Бујар Османи му е предложено да се кандидира за генерален секретар на НАТО?

На Бујар Османи му е предложено да се кандидира за генерален секретар на НАТО?

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Со украден џип од Италија сакал да се врати во Студеничани

Со украден џип од Италија сакал да се врати во Студеничани

„ОПШТИНИТЕ ЌЕ КОНФИСКУВААТ ДИВИ ОБЈЕКТИ НА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ“: Герасимовски најави големи промени на терен - нема рушење

„ОПШТИНИТЕ ЌЕ КОНФИСКУВААТ ДИВИ ОБЈЕКТИ НА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ“: Герасимовски најави големи промени на терен - нема рушење