16 Април, 2024
0.0260

ВМРО-ДПМНЕ денеска одлучува за кандидат за претседател

Објавено во: Македонија 16 Февруари, 2019

Добивај вести на Viber

ВМРО-ДПМНЕ денеска на партиската конвенција во Домот на културата „Браќа Миладиновци“ во Струга че одучи кој кандидат ќе го поддржи за претседателските избори со кампањата „За честита Македонија“.

Меѓусебни конкуренти за да се преселат на вилата на Водно и да го заменат Ѓорѓе Иванов се Никита Шекутковски – професор, Ѓорѓи Манасков – претседател на Стопанска комора за енергетика, Васко Костов – фармацевт, Влатко Ѓорчев – пратеник, Гордана Силјановска – професор, Илија Димовски – професор во пензија, Филип Петровски – ексдиректор на Архив, Горан Ангелов – директор на „Дрисла“ и Сашо Кутлешовски – професор.

– Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ може да победи и ќе победи на претседателските избори. Но тој кандидат мора да ги отсликува сите овие работи кои што ги кажувам, односно да биде способен да допре и до членовите на ВМРО-ДПМНЕ и до симпатизерите на ВМРО-ДПМНЕ, до поддржувачите на ВМРО-ДПМНЕ, тоа се различни категории, понатаму да допре до неопределените и до незадоволните од СДСМ, а во исто време да има чисти и јасни позиции по однос на несреќната територијална организација, која што се случи во 2004 година, по однос на Законот за јазици и по однос на прашањето за името. – коментираше вчера потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, во интервју за „Лидер“.за тоа каков профил треба да биде нивниот кандидат за шеф на државата.

Ќе гласаат 551 партиски делегат, а ќе биде одбран оној кој ќе добие најмногу гласови, но ако никој нема да им една третина тогаш истата вечер ќе има втор круг со двајца финалисти.

На почетокот на конвенцијата пред делегатите и претседателските кандидати ќе се обрати претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, а потоа ќе се претстават сите девет кандидати.



Можеби ќе ве интересира

Владата донесе одлука за унапредување на статусот на специјализантите

Владата донесе одлука за унапредување на статусот на специјализантите

ФАКТОР НА ДЕНОТ: За една година се затворени 14 училишта

ФАКТОР НА ДЕНОТ: За една година се затворени 14 училишта

(ВИДЕО) СЕ ОГЛАСИ ЗАЕВ: Упати порака до граѓаните

(ВИДЕО) СЕ ОГЛАСИ ЗАЕВ: Упати порака до граѓаните

ОСМАНИ: Од семејни здравствени причини ќе ги прекинам денешните активности во кампањата

ОСМАНИ: Од семејни здравствени причини ќе ги прекинам денешните активности во кампањата

Данела Арсовска: Универзална сала изгоре по еден месец откако е под Министерството за култура

Данела Арсовска: Универзална сала изгоре по еден месец откако е под Министерството за култура

УБАВА, ИНСПИРАТИВНА, ВО ЦРНО - обвинителката Фатиме Фетаи во свој стил го прослави 39 роденден

УБАВА, ИНСПИРАТИВНА, ВО ЦРНО - обвинителката Фатиме Фетаи во свој стил го прослави 39 роденден

Среќна сум што НЛБ Банка го препозна потенцијалот на нашиот проект во момент кога тоа ни е можеби најпотребно: Ксенија Николова за „Better Women Better World“

Среќна сум што НЛБ Банка го препозна потенцијалот на нашиот проект во момент кога тоа ни е можеби најпотребно: Ксенија Николова за „Better Women Better World“

„СЕВЕРНОМАКЕДОНСКАТА ВЛАДА Е ТРГНАТА, ГРЕШКАТА Е ИСПРАВЕНА“ - се огласи МНР по пропустот на Европскиот парламент

„СЕВЕРНОМАКЕДОНСКАТА ВЛАДА Е ТРГНАТА, ГРЕШКАТА Е ИСПРАВЕНА“ - се огласи МНР по пропустот на Европскиот парламент

Пад на бројот на ученици,затворени 14 училишта

Пад на бројот на ученици,затворени 14 училишта