21 Септември, 2019
0.0182

ВМРО-ДПМНЕ: Главна цел на младите не е да собираат фискални, туку да соберат пари за да купат карта за заминување

Објавено во: Економија 19 Јуни, 2019

Главна цел на младите не е да собираат фискални, туку да соберат пари за да купат карта за заминување од Македонија, ова денеска преку соопштение го истакнаа од ВМРО-ДПМНЕ. 

Проектот на Владата е уште една шарена лага од која што граѓаните нема да имаат вистинска корист. Единствено манипулаторот Заев се обидува со пари од народот да добие политички поени. Доколку навистина се грижеше за буџетот на граѓаните, Заев ќе ја намалеше акцизата која што ја покачи, ќе го зголемеше обемот на производи со повластена стапка на ДДВ од 5% или ќе ја намалеше стапката на ДДВ од 18%, а пред се ќе престанеше да ги краде парите преку наместени тендери. Вака останува впечатокот дека станува збор за квазипроект кој ќе направи поголема штета, отколку корист. Се компликува целиот апарат, се воведуваат софтвери и апликации, а се очекува оние кои се најзагрозени, сиромашните пензионерите и другите ранливи категории, со смартфони да ги сликаат фискалните сметки“, потенцираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата велат дека економска логика за овој проект нема. Истиот дополнително ќе го загрози полнењето на буџетот и потоа ќе има контраефект врз исплатата на платите и придонесите на администрацијата и пензионерите.

Граѓаните нема да добијат по 30 000 денари поврат на ДДВ на крај на годината. За да добијат толкав поврат треба да исплатат во текот на годината ДДВ во висина од над 200 000 денари, односно да купат стоки во вредност од околу 25 000 евра од кои само помалиот дел би биле со повластена стапка на ДДВ од 5% како што е хратана и средствата за хигиена. Дури и со две просечни плати од по 1000 евра, едно семејство не може да си дозволи толкав трошок, така што провидни се лагите на Зоран Заев“, велат од ВМРО-ДПМНЕ. 

Квазипроектот ќе предизвика проблеми, а откако тоа ќе се обелодени инволвираните треба да понесат одговорност, стои во партиското соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

Можеби ќе ве интересира

13 милиони евра од ЕБОР за побрз и полесен транспорт

13 милиони евра од ЕБОР за побрз и полесен транспорт

Ова се топ пет професии со највисоки плати во земјава

Ова се топ пет професии со највисоки плати во земјава

СТАТИСТИКАТА ПОКАЖА: Се зголемила просечната плата во Македонија

СТАТИСТИКАТА ПОКАЖА: Се зголемила просечната плата во Македонија

Почитувањето на човековите права е обврска на државата и на сите сопственици на бизниси, менаџери(-ки) и вработени

Почитувањето на човековите права е обврска на државата и на сите сопственици на бизниси, менаџери(-ки) и вработени

Анѓушев: Се чека согласност на сите за минималната плата

Анѓушев: Се чека согласност на сите за минималната плата

ЌЕ ВАЖИ ЗА ЖЕНИ СО 60 И МАЖИ СО 62 ГОДИНИ: Ќе работат по 6 часа

ЌЕ ВАЖИ ЗА ЖЕНИ СО 60 И МАЖИ СО 62 ГОДИНИ: Ќе работат по 6 часа

Арцелор Митал стана дел од Либерти Стил на моќната ГФГ Алијансата

Арцелор Митал стана дел од Либерти Стил на моќната ГФГ Алијансата

Фондот за иновации првично одреди на кои 30 апликанти ќе им даде 5 милиони евра

Фондот за иновации првично одреди на кои 30 апликанти ќе им даде 5 милиони евра

Тиквеш: На „тимбилдинг“ одат сите вработени, секој да изгради поцврста врска со производот

Тиквеш: На „тимбилдинг“ одат сите вработени, секој да изгради поцврста врска со производот