28 Септември, 2024
0.4659

ВМРО-ДПМНЕ: Грција сака да купи дел од МЕПСО

Објавено во: Македонија 20 Октомври, 2023

Добивај вести на Viber

ВМРО-ДПМНЕ денеска излезе со соопштение дека Грција сака да купи дел од системот за пренос на електрична енергија МЕПСО.

Според најголемата опозициска партија, во Грција има информации дека грчкиот електропреносен систем, во кој што удел има и Кина, е заинтересиран за ваков договор со македонската власт.

„Тоа значи дека грчкиот електропреносен систем, сака да купи дел од македонскиот електропреносен систем и на тој начин, Македонија целосно ќе ја изгуби својата енергетска независност како држава, односно ќе зависи во тој дел од друга странска држава.

Додека на власта и е полна устата со ЕУ, НАТО и Америка, во исто време 24% и златна акција во ИПТО има најголемата кинеска државна компанија. Значи 76% е на Грција, а 24% е на Кина“, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од таму додаваат дека на СДССМ и ДУИ им е важен само личниот профит, преку зделки, со тие што ќе понудат највеќе.

„Народот е свесен дека оваа криминална власт на ДУИ и СДС, ги продава националните интереси на Македонија, само да приграби што повеќе милиони за себе и своите роднини. Затоа народот на следните избори ќе ги порази, а потоа ќе дојде и одговорноста“, коментираат од партијата.


Можеби ќе ве интересира

Македонката која исчезна во Германија e пронајдена мртва

Македонката која исчезна во Германија e пронајдена мртва

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Орбан се нуди да посредува меѓу Македонија и Бугарија, но Бугарите одбија

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Орбан се нуди да посредува меѓу Македонија и Бугарија, но Бугарите одбија

СДСМ: Мицкоски да го праша Орбан зошто унгарскиот амбасадор гласал за одвојување на Македонија и Албанија

СДСМ: Мицкоски да го праша Орбан зошто унгарскиот амбасадор гласал за одвојување на Македонија и Албанија

(ФОТО) ГОРИ СТРНИШТЕ: Чад кај Миладиновци

(ФОТО) ГОРИ СТРНИШТЕ: Чад кај Миладиновци

ГО ОДБИЈА ОРБАН: Бугарите не сакаат посредници за односите со Македонија

ГО ОДБИЈА ОРБАН: Бугарите не сакаат посредници за односите со Македонија

MAКСИМ НА СРЕДБА СО РУСКИОТ АМБАСАДОР: Во кумановските училишта ќе се учи рускиот јазик

MAКСИМ НА СРЕДБА СО РУСКИОТ АМБАСАДОР: Во кумановските училишта ќе се учи рускиот јазик

БУГАРСКИ НОВИНАРИ И АНАЛИТИЧАРИ: Во Македонија се очекува јасен став од албанските партии, го споменаа и Орбан

БУГАРСКИ НОВИНАРИ И АНАЛИТИЧАРИ: Во Македонија се очекува јасен став од албанските партии, го споменаа и Орбан

РАДЕВ ЗА КОЧНИЦАТА ЗА МАКЕДОНИЈА: Tоа се логични последици од она што се случува во Скопје и Тирана

РАДЕВ ЗА КОЧНИЦАТА ЗА МАКЕДОНИЈА: Tоа се логични последици од она што се случува во Скопје и Тирана

СОСТОЈБАТА СО ПРЕВЕНТИВНИТЕ ПРЕГЛЕДИ: Колку граѓаните ги користат овие здравствени услуги во Македонија?

СОСТОЈБАТА СО ПРЕВЕНТИВНИТЕ ПРЕГЛЕДИ: Колку граѓаните ги користат овие здравствени услуги во Македонија?