19 Април, 2024
0.1674

ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ во клинч за мерката трето дете

Објавено во: Македонија 21 Март, 2019

Добивај вести на Viber

Додека новите измени на Законот за социјална помош се уште се разгледуваат, власта и опозицијата влегуваат во клинч за укинувањето, односно за останувањето на мерката за финансиска помош за трето дете. Од ВМРО-ДПМНЕ сметаат дека тоа е демографска мерка, а не социјална наменета за сиромашни, додека од институциите раководени од СДСМ и понатаму остануваат на ставот дека нема ефект од истата. Во меѓувреме се појавија шпекулации дека под притисок на ДУИ мерката ќе остане но ќе ја добиваат само оние кои имаат помал доход од минимална плата.

Пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Слаѓана Митовска, во синоќешното издание на дебатната емисија „Економски магазин“ на Алсат истакна дека од нејзината партија не се согласуваат со укинувањето на мерката за паричниот надоместок за трето дете, односно на воведување на услов на мајката затоа што „мерката за трето дете е демографска мерка која што независно од приходите во семејството треба да ги остварат сите мајки кои што одлучиле да чуваат трето дете“.

– Само еден пример ќе кажам дека во 2010, ова се податоци од Државен завод за статистика, мајки корисници на родителски додаток за трето дете имало вкупно 5246 за во 2017 година оваа бројка да порасне на 26.591 корисници. Што значи дека мерката сама по себе има дадено резултати и сигурно дека нема да се согласиме со воведување на услов за користење на материјалниот додаток за трето дете, рече Митовска.
Таа додаде дека тие како пратеници имаат деловничка можност да реагираат во однос на содржината на предлог законот и ќе ги искористат сите деловнички можности со цел да го подобрат вака предложеното законско решение, потенцира Митовска.

Министерството за труд и социјална политика смета дека мерката „трето дете“ не дава резултати во однос на зголемување на наталитетот.

Министерството реагира на изјавата на пратеничката Митовска. Според МТСП тоа е целосно погрешен заклучок, а пратеничката покажала „фундаментално неразбирање за системот и самиот термин „демографска мерка“.

- И покрај зголемениот број корисници мерката не дава никави демографски резултати. Наталитетот во времето на ВМРО-ДПМНЕ драстично опадна и по воведувањето на мерката „трето дете”. Според податоците, наталитетот во Македонија во 2010 година бил 11,8, а во 2017 година 10,5. Оваа мерка имаше можност 10 години да се имплементира, но таа очигледно не дава резултати. Заедно со бројот на корисници на мерката, растат и трошоците на државата. И покрај фактот што наталитетот опаѓал, Владата потрошила безмалку 208 милиони евра за исплата на додатокот за трето и четврто дете.  Сите овие податоци потврдуваат дека мерката за трето дете е неефикасна и лошо дизајнирана од самиот почеток. Така на пример, додаток за трето дете добивале семејства кои се во многу добра економска состојба и немало никакво ограничување во однос на ова па го добивале и семејства кои имаат многу високи приходи, се вели во соопштението од Министерството за труд.

Оттаму посочуваат и дека социјалната реформа која ја изработи актуелното раководство на МТСП воспоставува „целосно нов, правичен и ефикасен систем на социјална заштита. Со него, се обезбедува еднакво општество за сите и се насочуваат парите кон оние граѓани на кои им се најпотребни“.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Почна кампањата за парламентарните избори, ветувања за подобар живот за граѓаните

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Почна кампањата за парламентарните избори, ветувања за подобар живот за граѓаните

ВАНКОВСКА: Ќе се заложам за намалување на воениот буџет

ВАНКОВСКА: Ќе се заложам за намалување на воениот буџет

СТО НАЈВЛИЈАТЕЛНИ ЛИЧНОСТИ ВО СВЕТОТ СПОРЕД „ТАЈМ“: На листата се најде Македонката Светлана Мојсов

СТО НАЈВЛИЈАТЕЛНИ ЛИЧНОСТИ ВО СВЕТОТ СПОРЕД „ТАЈМ“: На листата се најде Македонката Светлана Мојсов

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО ДО СПЕЦИЈАЛИЗАНТИТЕ: Решение ќе има после изборите

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО ДО СПЕЦИЈАЛИЗАНТИТЕ: Решение ќе има после изборите

КОВАЧЕВСКИ ЗА ИЗЈАВАТА НА ОСМАНИ ЗА ОТВОРЕН БАЛКАН: Политичарите како во избори, даваат изјави што треба, што не треба

КОВАЧЕВСКИ ЗА ИЗЈАВАТА НА ОСМАНИ ЗА ОТВОРЕН БАЛКАН: Политичарите како во избори, даваат изјави што треба, што не треба

Доживотен затвор за убиената жена во Кочани со 40 убоди со нож

Доживотен затвор за убиената жена во Кочани со 40 убоди со нож

ДУИ на симулирана седница ги избра Бујар и Села за претседатели и направи уставни измени

ДУИ на симулирана седница ги избра Бујар и Села за претседатели и направи уставни измени

СОНК: Иако е период на избори, најверојатно ќе почне генерален штрајк во установите од културата

СОНК: Иако е период на избори, најверојатно ќе почне генерален штрајк во установите од културата

ГЕСТ ЗА ПРИМЕР И ПОЧИТ! Која фирма за свои сограѓани од Свети Николе ќе даде над 250.000 евра?

ГЕСТ ЗА ПРИМЕР И ПОЧИТ! Која фирма за свои сограѓани од Свети Николе ќе даде над 250.000 евра?