19 Април, 2024
0.0278

ВМРО-ДПМНЕ ја уцени власта: Наш јавен обвинител за Вељаноски, инаку нема да ги поддржиме реформите

Објавено во: Македонија 21 Февруари, 2019

Добивај вести на Viber

Никола Мицевски, координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, денеска заедно со останатите пратеници на прес-конференција истакна дека нема да ги подржи реформите на власта доколку не се одреди нов главен јавен обвинител на нивни предлог кој ќе го процесира случајот и на Трајко Вељаноски, поранешниот претседател на Собранието.

Денеска пристигна барањето од основниот суд до Собранието да му се симне пратеничкиот имунитет на Вељаноски и ако тоа мнозинството го изгласа тогашп на поранешниот спикер му следува притвор за организирање на настанот од 27 април.

- Претходно имаше осум случаи со симнување на пратенички имунитет и сега уште еден за пратеник од редовите на опозицијата, која нема да го толерира ваквото однесување. Пратеничката група нема да ги поддржи системските промени и закони додека власта не се согласи на јавен обвинител на предлог на опозицијата. Ова беше и барање на актуелната власт да се избира јавен обвинител по предлог на опозицијата - рече Мицевски.

Тој напомена дека со овој потег меѓународните партнери не треба да се налутат и треба да разберат дека ова се прави поради односот од страна на власта кон опозицијата. Додаде дека во овој момент четвртина од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ се под обвиненија.

Наведе дека притворот на екс-министрите Миле Јанакиески и Спиро Ристовски, како и на Вељаноски, се закани за целокупниот изборен процес за нов претседател на Македонија.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Почна кампањата за парламентарните избори, ветувања за подобар живот за граѓаните

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Почна кампањата за парламентарните избори, ветувања за подобар живот за граѓаните

ВАНКОВСКА: Ќе се заложам за намалување на воениот буџет

ВАНКОВСКА: Ќе се заложам за намалување на воениот буџет

СТО НАЈВЛИЈАТЕЛНИ ЛИЧНОСТИ ВО СВЕТОТ СПОРЕД „ТАЈМ“: На листата се најде Македонката Светлана Мојсов

СТО НАЈВЛИЈАТЕЛНИ ЛИЧНОСТИ ВО СВЕТОТ СПОРЕД „ТАЈМ“: На листата се најде Македонката Светлана Мојсов

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО ДО СПЕЦИЈАЛИЗАНТИТЕ: Решение ќе има после изборите

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО ДО СПЕЦИЈАЛИЗАНТИТЕ: Решение ќе има после изборите

КОВАЧЕВСКИ ЗА ИЗЈАВАТА НА ОСМАНИ ЗА ОТВОРЕН БАЛКАН: Политичарите како во избори, даваат изјави што треба, што не треба

КОВАЧЕВСКИ ЗА ИЗЈАВАТА НА ОСМАНИ ЗА ОТВОРЕН БАЛКАН: Политичарите како во избори, даваат изјави што треба, што не треба

Доживотен затвор за убиената жена во Кочани со 40 убоди со нож

Доживотен затвор за убиената жена во Кочани со 40 убоди со нож

ДУИ на симулирана седница ги избра Бујар и Села за претседатели и направи уставни измени

ДУИ на симулирана седница ги избра Бујар и Села за претседатели и направи уставни измени

СОНК: Иако е период на избори, најверојатно ќе почне генерален штрајк во установите од културата

СОНК: Иако е период на избори, најверојатно ќе почне генерален штрајк во установите од културата

ГЕСТ ЗА ПРИМЕР И ПОЧИТ! Која фирма за свои сограѓани од Свети Николе ќе даде над 250.000 евра?

ГЕСТ ЗА ПРИМЕР И ПОЧИТ! Која фирма за свои сограѓани од Свети Николе ќе даде над 250.000 евра?