ВМРО-ДПМНЕ: Клиентелистичкото судство на Заев му служи за реализација на политички монтирани случаи
Објавено во: Македонија 24 Мај, 2018
СДСМ продолжува со политичкиот прогон во Македонија, a судот стана партиска експозитура на Заев и СДСМ, oбвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата додаваат дека клиентелистичкото судство на Заев му служи за реализација на политички монтирани случаи против неговите политички противници.
ВМРО-ДПМНЕ критикува дека судот не е заинтересиран за докази, факти и аргументи. Велат дека правната држава не постои, а политичките пресуди станаа судска пракса.
„Заев преку правосудниот систем на државата испраќа јасна порака дека секој кој ќе го крене гласот против штетните политики на оваа власт ќе заврши со затворска казна. Истиот овој суд кој сега не штеди на години од затворските казни на обвинетите политички противници на Заев пред само неколку дена го ослободи од обвинение за барање поткуп исто како што беа ослободени осудените во случајот Сопот“- стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата додаваат дека правдата ќе се врати во Македонија со враќањето на ВМРО-ДПМНЕ на власт, а сите оние кои во правосудниот систем сега работеле по нарачка на Заев ќе сносат одговорност.