20 Април, 2024
0.5224

ВМРО-ДПМНЕ: Кружат информации дека Јанева заминала од Македонија

Објавено во: Македонија 18 Јули, 2019

Добивај вести на Viber

Oд ВМРО-ДПМНЕ велат дека иако поминаа три дена, од обвинителката Катица Јанева ниту трага, ниту глас. 

Додаваат дека три дена не доаѓа на работа и три дена се крие и бега од одговори и одговорност. 

„Платата тешка илјадници евра ѝ стигнува на сметка, а нејзе ја нема. Кружат информации дека заминала од Македонија. Ова сигурно не е право и правна држава. Наместо да одговара пред законите, таа продолжува да ги влече конците, да овластува обвинители и да потпишува акти на СЈО. Станува сè поочигледно дека Македонија ја владее криминална банда која создаде нов рекетарски - судско – политичко - медиумски октопод. Пипците на овој октопод допираат до секоја пора во државата, а главата на овој октопод е највисокиот државен врв. Зоран Заев иако се прави наивен, постојат сериозни индиции дека токму тој во неколку наврати остварувал средби осомничените од рекетарската банда. Дали е точно дека изминатиот викенд еден од сега осомничените за рекет, дел од криминалниот октопод на Заев, славел заедно со Заев во еден од локалите во Охрид до раните утрински часови?“, прашуваат од партијата.

Прашуваат дали е точно дека еден од обвинетите имал чести средби со член на семејството Заеви во еден ресторан на кејот на реката Вардар во центарот на Скопје каде се договарале идни „жртви на уцени“, биле давани насоки и упатства?

„Дали е вистина дека еден од обвинетите бил близок човек со член од семејството Заев кој е познат дека има улога на таканаречен торбар и главен за воспоставување лични релации при договарање на тендери со министерствата и државни компании? Дали и колку требал да биде колачот од сето ова за Заеви, за што торбарот, сега осомничен, посредувал? Премногу нелогичности кои досега се изнесоа во јавноста од страна на надлежните институции и ставови на Заев отвораат сомнеж дека надлежните нема да ја доведат истрагата до врвот на оваа рекетарска организација. Никој не може да ја убеди јавноста дека на своја рака и без сесрдна поддршка на високи владини функционери, Боки 13 сам го вршел и спроведувал рекетот. Надлежните сè уште не даваат одговор зошто во рамките на истрагата на Катица Јанева и бил одземен само телефонот и тоа само едниот телефон кој што го поседувала? Зошто Катица Јанева после сите информации се уште е на чело на СЈО од каде може да делува и на сведоци и секако на докази? Дали Јанева не доби притвор само поради тоа што Зоран Заев лично ја штити?“, велат од ВМРО-ДПМНЕ. 

Само пола од ова да е вистина тогаш имаме случај во кој истрагата освен на Катица Јанева и СЈО треба да се прошири на Зоран Заев, неговиот семеен клан и Владата. Октоподот освен пипците наречени Кики, Фрики, Баки и слично има глава, се вели во соопштението.

Можеби ќе ве интересира

ДУИ: Мицкоски и ВМРО јавно бараат Македонија без Албанци

ДУИ: Мицкоски и ВМРО јавно бараат Македонија без Албанци

КРИВИЧНА ПРОТИВ ОЛИВЕР СПАСОВСКИ: Синдикатот на полицијата oбвинува за несовесно работење

КРИВИЧНА ПРОТИВ ОЛИВЕР СПАСОВСКИ: Синдикатот на полицијата oбвинува за несовесно работење

ВАНКОВСКА: Kамшикот му се дава на Грк, Преспа мора да се раскине

ВАНКОВСКА: Kамшикот му се дава на Грк, Преспа мора да се раскине

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА ЗА РУСКОТО ВЛИЈАНИЕ: Ако има политички актери некои, тие се маргинални

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА ЗА РУСКОТО ВЛИЈАНИЕ: Ако има политички актери некои, тие се маргинални

КРАДЕЊЕ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ ЗА ПОДИГАЊЕ НА БРЗИ КРЕДИТИ: Koлку пријави има годинава во полиција?

КРАДЕЊЕ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ ЗА ПОДИГАЊЕ НА БРЗИ КРЕДИТИ: Koлку пријави има годинава во полиција?

НАЈЧЕВСКА: Почнаа наддавањата на големите партии кој колку ќе им ги покачи пензиите на пензионерите

НАЈЧЕВСКА: Почнаа наддавањата на големите партии кој колку ќе им ги покачи пензиите на пензионерите

СТУДЕНО УТРО ВО МАКЕДОНИЈА: Каде се измерени температури под нулата?

СТУДЕНО УТРО ВО МАКЕДОНИЈА: Каде се измерени температури под нулата?

НАПРАВИЛЕ ШТЕТА НА БУЏЕТОТ НА БОГДАНЦИ: Поднесена е кривична пријава против градоначалникот и вработена во урбанизам

НАПРАВИЛЕ ШТЕТА НА БУЏЕТОТ НА БОГДАНЦИ: Поднесена е кривична пријава против градоначалникот и вработена во урбанизам

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра