25 Април, 2024
0.1394

ВМРО-ДПМНЕ: Македонија со вакви политики оди во непосакуван правец

Објавено во: Економија 20 Мај, 2018

Добивај вести на Viber

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека граѓаните живеат сѐ потешко, а СДСМ им порачува на сиромашните дека повисоките акцизи секако немале да ги погодат бидејќи тие и онака не возеле. 

Од партијата додаваат дека економијата стагнира, правната држава е деградирана, а институциите се злоупотребуваат.

„Стопанството е во слободен пад. Моторот на македонската економија, градежништвото ги преживува најтешките денови. Според податоците на Државниот завод за статистика, во периодот јануари – март 2018 година, вкупната вредност на договорените градежни работи во странство изнесува 775 469 илјади денари, што е за 61.1 % помалку во споредба  со истиот период од претходната година. Во наведениот период, градежната оператива од Република Македонија во странство извршила градежни работи во вкупна вредност од 281 136 илјади денари, што е за 12.5 % помалку во споредба со истиот период од претходната година. Во време кога цела Европа и регионот бележат стапки на раст, само Република Македонија тапка во место. На државата ѝ се  случува катастрофа во режија на економското цунами, Заев - Тевдовски - Анѓушев. Стандардот на граѓаните е сѐ полош, а платите на граѓаните се далеку од ветените 500 евра. Ова што ѝ се прави на Република Македонија е економски геноцид. Македонскиот граѓанин како и целата економија се во постојан грч и неизвесност. Република Македонија со вакви политики оди во непосакуван правец. Единствена цел на картелот предводен од СДСМ е да да ја одржи ситуацијата на заробена и неперспективна држава со нефункционални институции“- велат од ВМРО-ДПМНЕ. 

ВМРО-ДПМНЕ ги поканува сите обесправени, сите оние разочарани и излажани од Зоран Заев и криминалниот картел кој го води, на голем антивладин собир на 2 јуни во 20 часот пред зградата на Владата на Република Македонија.

Да тргнеме во оваа битка и конечно да ја поразиме оваа ненародна влада која што и се случува на нашата татковина, реагираат од партијата. 

Можеби ќе ве интересира

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија