29 Март, 2024
0.0266

ВМРО-ДПМНЕ: Млад роднина на Хари Локвенц добил концесија за ординација

Објавено во: Македонија 23 Март, 2019

Добивај вести на Viber

Постои сериозен сомнеж дека Поликлиника „Букурешт“ е ново жариште на продолжението на епидемијата на непотизам, обвини ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-конференција што ја одржа Маја Славева пред поликлиниката.

- Според информациите со кои располагаме, пред избори си делат концесии и ординации. Министерот за здравство, Венко Филипче е фокусиран да вдомува ќерки, синови, роднини, пријатели. Од рака му оди и кршењето на правните норми да дава дозволи, концесии во период кога тоа е забрането. За ова доказ е големиот револт и негодувањето кај матичните доктори во поликлиника „Букурешт“. Таму за неполн месец им се даде концесија на тројца млади доктори, активисти на СДСМ. За нив се пренаменети ординации кои биле во сопственост на специјалистичката служба. Станува збор за ординации кои не се влезени во здравствена мрежа за издавање под концесија за општа медицина, туку за специјалисти. Едноставно се земени соби од кабинет за дијабет и од лабораторија. Концесија за ординациите е дадена на докторите Филип Локвенец, Кирил Солевски и Марија Михајлова, рече Славева.

Индиициите на ВМРО-ДПМНЕ се дека процедура за доделување на концесија за ординации е направена нетранспарентно.

Еден од лекарите кој доби концесија за ординација е близок роднина на висок функционер од СДСМ, Хари Локвенец, рече таа.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсено е уште едно лице за убиството на лекарот во Железара

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсено е уште едно лице за убиството на лекарот во Железара

ДАЛИ БИ ГО ПОСЕТИЛА ГРОБОТ НА ЕНВЕР ХОЏА: Билјана Ванковска даде одговор

ДАЛИ БИ ГО ПОСЕТИЛА ГРОБОТ НА ЕНВЕР ХОЏА: Билјана Ванковска даде одговор

ДУДУШ КАЖА ДЕКА ГО ИЗБРКАЛЕ ОД СДСМ: Го пофали Ахмети и го нарече татко на нацијата

ДУДУШ КАЖА ДЕКА ГО ИЗБРКАЛЕ ОД СДСМ: Го пофали Ахмети и го нарече татко на нацијата

На Бујар Османи му е предложено да се кандидира за генерален секретар на НАТО?

На Бујар Османи му е предложено да се кандидира за генерален секретар на НАТО?

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Со украден џип од Италија сакал да се врати во Студеничани

Со украден џип од Италија сакал да се врати во Студеничани

„ОПШТИНИТЕ ЌЕ КОНФИСКУВААТ ДИВИ ОБЈЕКТИ НА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ“: Герасимовски најави големи промени на терен - нема рушење

„ОПШТИНИТЕ ЌЕ КОНФИСКУВААТ ДИВИ ОБЈЕКТИ НА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ“: Герасимовски најави големи промени на терен - нема рушење