ВМРО-ДПМНЕ: Намалена казната на Мијалков за да не падне владата

Објавено во: Македонија 08 Март, 2021
ВМРО-ДПМНЕ излезе со реакција по информацијата дека на екс шефот на тајната полиција, Сашо Мијалков, ќе има реална казна затвор од 9 години наместо 12 поради тоа што едно од делата за кои е осуден во случајот таргет-Тврдина му застарува на 28 март.
Од таму претпоставуваат дека власта ова го договорила со Мијалков додека тој кратко беше во бегство со цел да не падне Владата и да не го загуби мнозинството во Собранието.
„Како поминуваат деновите, така се топи казната на Мијалков во години. Дали казната на Мијалков од 12 ќе се стопи на 9 години, и дали тоа ќе го потврди апелација? Дали ова е дел од договорот Заев - Мијалков?
Му простува ли Заев на Мијалков за да Мијалков преку свои пајташи прикажува вештачки кризи во ВМРО-ДПМНЕ?
Поминаа две недели од бегството на Сашо Мијалков, а власта се уште крие детали од случајот. Заев молчи и не кажува дали два дена колку што Мијалков бил во бегство се договара со него и дали во ЈО е донесен со владин црн пасат.
Откако Мијалков се јавил во ЈО до драмата пред камери има 40 минути. Зошто Мијалков е пуштен 40 минути да се шета на околу наместо веднаш да се однесе во куќен притвор? Дали циркусот на Мијалков пред ЈО беше дел од договорот Заев - Мијалков, со цел да не падне владата на првиот?
Мафијашката коалиција Заев - Мијалков функционира и од затвор. Македонија нема мир додека и Заев не се најде зад решетки“, се вели во реакцијата.
Можеби ќе ве интересира
Продолжуваат мерките за ограничување на движењето до 27 април, но предвидени се исклучоци

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Maкедонија ќе набавува вакцини од „Торлак“, Македонците кои се вакцинира, може да се ревакцинираат во Србија

Охриѓанец дал 4.500 евра на измамници кои го лажеле дека ќе добие наследство од Франција

Бројката на починати од коронавирусот надмина 4.500

Србите во Македонија нема да плаќаат патарини од 15 јуни до 15 август

НЕДЕЛЕН ИЗВЕШТАЈ НА ИЈЗ: Се намалува бројот на заразени и починати

Регистрирани се 766 нови случаи на КОВИД-19 и 31 починат
