20 Април, 2024
0.0294

ВМРО-ДПМНЕ не ја признава поканата од НАТО

Објавено во: Македонија 12 Јули, 2018

Добивај вести на Viber

Наместо аплауз, Македонија со оваа Влада издвојува уште еден пораз. Условена, наместо чиста покана за НАТО и држава заложник на штетниот договор на оваа Влада, напиша потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Владо Мисајловски на својот Фејсбук профил.

-Треба реално гледање на работите и ниту една лажна еуфорија не го покрива лошиот живот на граѓаните.

За да се подобри тоа, не се потребни розевите очила на власта, туку многу работа каква за жал не гледаме, додава Мисајловски.

Претходно реагираше ВМРО-ДПМЕН со официјален партиски став.

Македонија не доби ниту безусловна покана за НАТО, ниту датум за почеток на преговори со Европската Унија и Македонија со СДСМ доживува вистинско дипломатско фијаско, сметаат од ВМРО-ДПМНЕ за денешните случувања на Самитот на НАТО на кој земјите членки на Алијансата одлучија да и доделат покана на Македонија.

-Македонската дипломатија крахираше и за тоа мора да се понесе одговорност. Како што нема резултати во ниеден реален сектор во животот, нема во економијата, здравството, образованието, нема ниту еден напредок во земјоделието, така нема резултати ниту во интегративните процеси. Зоран Заев и неговата влада само нижат порази, нема ниту една победа. Денеска Македонија не доби аплаузи, денеска Македонија доби шамари. 


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители

БОШЊАЦИТЕ МУ ПОДНЕСОА КРИВИЧНА НА СТОИЉКОВИЌ: Велат го исмевал и негирал геноцидот во Сребреница

БОШЊАЦИТЕ МУ ПОДНЕСОА КРИВИЧНА НА СТОИЉКОВИЌ: Велат го исмевал и негирал геноцидот во Сребреница

ОСМАНИ ОСТАНУВА НА СВОЈОТ СТАВ: Владата ќе одлучи за иднината на Отворен Балкан

ОСМАНИ ОСТАНУВА НА СВОЈОТ СТАВ: Владата ќе одлучи за иднината на Отворен Балкан

ГРЕШКА СО ЗНАМИЊАТА: Македонската армија се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд

ГРЕШКА СО ЗНАМИЊАТА: Македонската армија се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд

АПАСИЕВ ЗА ИЗЈАВАТА НА МИЦКОСКИ: Не верувај им на ДПМНЕјците, дури и кога ти носат подароци

АПАСИЕВ ЗА ИЗЈАВАТА НА МИЦКОСКИ: Не верувај им на ДПМНЕјците, дури и кога ти носат подароци

Директорот на „Стрежево“ купил 4,5 пати поскап ратрак на старо

Директорот на „Стрежево“ купил 4,5 пати поскап ратрак на старо

ДАВКОВА ИЛИ ПЕНДАРОВСКИ, ТАРАВАРИ ИЛИ ОСМАНИ, ВМРО-ДПМНЕ ИЛИ СДСМ - еве кој води на најновата анкета на ЦРПЦ

ДАВКОВА ИЛИ ПЕНДАРОВСКИ, ТАРАВАРИ ИЛИ ОСМАНИ, ВМРО-ДПМНЕ ИЛИ СДСМ - еве кој води на најновата анкета на ЦРПЦ

Боки 13: Да се расчисти случајот „Рекет“ и да се каже каде се парите

Боки 13: Да се расчисти случајот „Рекет“ и да се каже каде се парите