17 Април, 2024
0.0271

ВМРО-ДПМНЕ не прифаќа укинување на концептот „техничка влада“ во иднина

Објавено во: Македонија 19 Февруари, 2020

Добивај вести на Viber


ВМРО-ДПМНЕ не прифаќа укинување на концептот „техничка влада“ во иднина и покрај мислењето на некои експерти и во одреднеи политички кругови дека таа треба да се укине бидејќи ја губи својата смисла и функционалност во 100-те дена пред одржувањето на секои парламентарни избори.

Потпретседателот на најголемата опозициска партија, Александар Николоски, на денешната прес-конференција рече дека не само што не треба да се укине, туку дека треба да се зајакне нејзиното функционирање.

„Нивната цел е да се укине техничката влада, а нашата цел е да се зајакне. По изборите, сакаме да ги зајакнеме механизмите на гаранција, затоа што кога опозицијата учевстува во една влада факт е дека таа нема мнозинство и дека мнозинството по сила на диктат може да направи што сака. Но, тоа не е смислата на техничката влада. Сериозно треба да размислиме за законски измени и за основање орган кој би санкционирал насилничко работење на владејачкото мнозинство. Моделот мора да се зајакне за да не може власта да го минира“, изјави Николовски.

Ваквата реакција на Николоски следува по поништувањето на десетиците кадровски решенија од страна на Владата донесени од техничките министри Наќе Чулев и Рашела Мизрахи. Чулев е се уште на чело на министерството за внатрешни работи, додека Собранието ја разреши Мизрахи како министерка за труд и социјална политика, а нејзината партија не предложи друго име пред распуштањето.

Можеби ќе ве интересира

Владата донесе одлука за унапредување на статусот на специјализантите

Владата донесе одлука за унапредување на статусот на специјализантите

ФАКТОР НА ДЕНОТ: За една година се затворени 14 училишта

ФАКТОР НА ДЕНОТ: За една година се затворени 14 училишта

(ВИДЕО) СЕ ОГЛАСИ ЗАЕВ: Упати порака до граѓаните

(ВИДЕО) СЕ ОГЛАСИ ЗАЕВ: Упати порака до граѓаните

ОСМАНИ: Од семејни здравствени причини ќе ги прекинам денешните активности во кампањата

ОСМАНИ: Од семејни здравствени причини ќе ги прекинам денешните активности во кампањата

Данела Арсовска: Универзална сала изгоре по еден месец откако е под Министерството за култура

Данела Арсовска: Универзална сала изгоре по еден месец откако е под Министерството за култура

УБАВА, ИНСПИРАТИВНА, ВО ЦРНО - обвинителката Фатиме Фетаи во свој стил го прослави 39 роденден

УБАВА, ИНСПИРАТИВНА, ВО ЦРНО - обвинителката Фатиме Фетаи во свој стил го прослави 39 роденден

Среќна сум што НЛБ Банка го препозна потенцијалот на нашиот проект во момент кога тоа ни е можеби најпотребно: Ксенија Николова за „Better Women Better World“

Среќна сум што НЛБ Банка го препозна потенцијалот на нашиот проект во момент кога тоа ни е можеби најпотребно: Ксенија Николова за „Better Women Better World“

„СЕВЕРНОМАКЕДОНСКАТА ВЛАДА Е ТРГНАТА, ГРЕШКАТА Е ИСПРАВЕНА“ - се огласи МНР по пропустот на Европскиот парламент

„СЕВЕРНОМАКЕДОНСКАТА ВЛАДА Е ТРГНАТА, ГРЕШКАТА Е ИСПРАВЕНА“ - се огласи МНР по пропустот на Европскиот парламент

Пад на бројот на ученици,затворени 14 училишта

Пад на бројот на ученици,затворени 14 училишта