ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека „Рекет“ тапка во место месец дена
Објавено во: Македонија 14 Август, 2019
Процесот за случајот „Рекет“ месец дена тапка во место, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ. Велат дека ЈО не ја проширува истрагата кон нарачателите и организаторите.
„Боки 13 и Зоки Кичеец се само жртвено јагне за спас на Катица Јанева и Зоран Заев. Одговорност мора да има, но тоа не е можно со Зоран Заев на власт. Заев мора да си даде оставка и да се организираат итни предвремени парламентарни избори. Потребни се истраги и одговорност за криминалот извршен во изминатиот период“, додаваат од партијата.
Велат дека во државата се случил милионски рекет, а никој ништо не преземал.