24 Април, 2024
0.0273

ВМРО-ДПМНЕ по рекордниот број починати: Комисијата и Филипче го преспаа летото

Објавено во: Македонија 26 Октомври, 2020

Добивај вести на Viber

ВМРО-ДПМНЕ во своето последно соопштение бројката од 22 починати од ковид-19 во текот на последните 24 часа смета дека е директна вина на Комисијата за заштита од заразни болести и министерот за здравство Венко Филипче кои, како што велат од таму, „го преспале цело лето без ништо да направат со цел да ја подготват државата за есенскиот бран“.

„Секој ден е нов пик. За една недела имаме над 2.000 заболени, а Филипче кој тврдеше дека толку ќе биде бројот на заразени во тек на цела пандемија, не гледа причина да си поднесе оставка. Венко Филипче го внесува системот во хаос. Венко Филипче не направи ништо за зголемување на болничките капацитети, иако знаеше дека нѐ очекува есенски бран. Власта не направи ништо ниту навремено да обезбеди вакцина против сезонски грип,  а со тоа ги остави возрасните и хронично болните на силен удар на грипот во време на пандемија. Венко Филипче не инвестираше ниту во здравствениот персонал, и со своето лошо менаџирање само придонесува медицинскиот кадар да ја напушта државата“, се вели во реакцијата на најголемата опозициска партија.

Инаку ВМРО-ДПМНЕ од минатата недела предлага предлог-закон за формирање специјална државна комисија за заштита и борба против пандемии и епидемии. Како што истакна Атонијо Милошоски, тие предлогот го доставиле до министерот за здравство, Венко Филипче, но тој ги одбил.

Опозицијата предлага комисијата да брои 11 члена, меѓу кои министерот за здравство и директорот за Центарот за управување со кризи, а внатре би членувале специјалисти инфектолози 3 члена, епидемиолози 2 члена, микробиолози 2 члена, имунолог еден член и специјалист интернист еден член.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Гласаа изнемоштените, осудениците и иселениците, гласањето помина мирно

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Гласаа изнемоштените, осудениците и иселениците, гласањето помина мирно

ЗА СЛУЧАЈОТ СО ЈИЛДИЗ ВЕАПОСКА: Со супервештачење ќе се утврдува одговорноста на лекарите

ЗА СЛУЧАЈОТ СО ЈИЛДИЗ ВЕАПОСКА: Со супервештачење ќе се утврдува одговорноста на лекарите

АГЕЛЕР: Гласачите на оваа земја треба да поставуваат тешки прашања на кандидатите, а потоа мора да гласаат

АГЕЛЕР: Гласачите на оваа земја треба да поставуваат тешки прашања на кандидатите, а потоа мора да гласаат

ПО ПОЛНОЌ ЛЕПЕЛЕ ПЛАКАТИ: Тетовската полиција уапси две лица

ПО ПОЛНОЌ ЛЕПЕЛЕ ПЛАКАТИ: Тетовската полиција уапси две лица

ЌЕ БИДЕ ПРЕМЕСТЕН ВО ДРУГО УЧИЛИШТЕ: Надлежните ќе преземат мерки против ученикот кој истепа наставничка

ЌЕ БИДЕ ПРЕМЕСТЕН ВО ДРУГО УЧИЛИШТЕ: Надлежните ќе преземат мерки против ученикот кој истепа наставничка

ИНДЕКС НА ЧОВЕКОВИОТ РАЗВОЈ: Македонија лошо котира

ИНДЕКС НА ЧОВЕКОВИОТ РАЗВОЈ: Македонија лошо котира

ВО ПУСТЕЦ: Наскоро ќе биде поставена биста на Гоце Делчев

ВО ПУСТЕЦ: Наскоро ќе биде поставена биста на Гоце Делчев

ВАЖНО: Граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година ќе можат да гласаат

ВАЖНО: Граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година ќе можат да гласаат

УТРЕ НЕМА ДА РАБОТИ ЖИЧНИЦАТА, А АВТОБУСИТЕ ЌЕ ВОЗАТ ПО НЕДЕЛЕН ВОЗЕН РЕД: Еве што велат од ЈСП

УТРЕ НЕМА ДА РАБОТИ ЖИЧНИЦАТА, А АВТОБУСИТЕ ЌЕ ВОЗАТ ПО НЕДЕЛЕН ВОЗЕН РЕД: Еве што велат од ЈСП