18 Април, 2024
0.0262

ВМРО-ДПМНЕ поднесува приговори до Антикорупциска: СДСМ влијае на изборите со менување на ДУП!?

Објавено во: Македонија 19 Април, 2019

Добивај вести на Viber

Откако Комисијата за спречување на корупција на псоледната седница прифати неколку приговори за предизборни поднесени од ВМРО-ДПМНЕ, опозициската партија се засили и до Антикорупциска денеска поднесе две поплаки кои по малку наликуваат на бизарни. 

Едната се однесува на тоа што, како што велат од таму, СДСМ го менувал урбанистичкиот план во Ѓорче Петров, а тоа можело да влијае на изборите, додека другиот е затоа што вработен во администрацијата бил забележан како седи во штабот на претседателскиот кандидат Стево Пендаровски наместо, како што објавија од ВМРО-ДПМНЕ, да е на работното место.

-Првиот се однесува на одлуката за измена на детален урбанистички план во општината Ѓорче Петров, каде локалната власт на СДСМ уништува парк за да се гради станбен објект. Одговорни се градоначалникот и Советот кој што прифатиле точка и ја изгласале одлуката во Изборен период. Иако иницијативата е поднесена од приватно лице пред изборите; во овој период не смее да се менува ДУП, бидејќи се отвора можност за влијание врз гласачи. Вториот счучај се однесува на лице вработено во администрација, кое работното време наместо на работното место, го поминува во штабот на Стево Пендаровски. За време на посетата на идната претседателка на Република Македонија Гордана Силјановска Давкова на штабот на Пендаровски во Скопје, меѓу присутните е и градежен инженер од Демир Хисар, вработен во Министерството за финансии, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Од ВМРО-ДПМНЕ очекуваат ДКСК да ги прифати поднесоците и обвинителството да постапи по нивните наоди. 


Можеби ќе ве интересира

Доживотен затвор за убиената жена во Кочани со 40 убоди со нож

Доживотен затвор за убиената жена во Кочани со 40 убоди со нож

ДУИ на симулирана седница ги избра Бујар и Села за претседатели и направи уставни измени

ДУИ на симулирана седница ги избра Бујар и Села за претседатели и направи уставни измени

СОНК: Иако е период на избори, најверојатно ќе почне генерален штрајк во установите од културата

СОНК: Иако е период на избори, најверојатно ќе почне генерален штрајк во установите од културата

ГЕСТ ЗА ПРИМЕР И ПОЧИТ! Која фирма за свои сограѓани од Свети Николе ќе даде над 250.000 евра?

ГЕСТ ЗА ПРИМЕР И ПОЧИТ! Која фирма за свои сограѓани од Свети Николе ќе даде над 250.000 евра?

Маричиќ со „дипломатски“ коментари на предлозите на Османи за Сребреница и Отворен Балкан

Маричиќ со „дипломатски“ коментари на предлозите на Османи за Сребреница и Отворен Балкан

„Алкалоид“ најпосакуван работодавач за 2023 година – апсолутен победник според „Вработување.ком“

„Алкалоид“ најпосакуван работодавач за 2023 година – апсолутен победник според „Вработување.ком“

„ПРОЛЕТ ВО МАВРОВО“: Снежно утро на Бистра

„ПРОЛЕТ ВО МАВРОВО“: Снежно утро на Бистра

„ВЕНКО, ЗОШТО ПАК ВО ПОЛИТИКА, МЕСТОТО НА ДОКТОРИТЕ Е ВО ЗДРАВСТВЕНИОТ СИСТЕМ?“: Филипче одговори на прашањето што сите си го поставуваат

„ВЕНКО, ЗОШТО ПАК ВО ПОЛИТИКА, МЕСТОТО НА ДОКТОРИТЕ Е ВО ЗДРАВСТВЕНИОТ СИСТЕМ?“: Филипче одговори на прашањето што сите си го поставуваат

„ОВА НЕ Е НОРМАЛНО ШТО СЕ СЛУЧУВА ВО СКОПЈЕ“: Кејот под мостот Гоце Делчев претворен во паркинг!

„ОВА НЕ Е НОРМАЛНО ШТО СЕ СЛУЧУВА ВО СКОПЈЕ“: Кејот под мостот Гоце Делчев претворен во паркинг!