28 Март, 2024
0.0403

ВМРО-ДПМНЕ: Поради политиките на СДСМ граѓаните трошат повеќе од пред една година

Објавено во: Економија 14 Февруари, 2018

Добивај вести на Viber

Oд ВМРО-ДПМНЕ велат дека покачувањето на цените и порастот на трошоците за живот почнуваат да стануваат реалност..

Од партијата наведуваат дека домаќинствата во земјава  благодарение на политиките на СДСМ денес трошат повеќе од пред една година, што дополнително ќе се одрази на нивниот животен стандард. 

„Ова првенствено се должи на покачувањето на акцизата на дизел горивата од 3.5 денари, која ги зголеми трошоците за живот за течни горива за 12,7%, но и трошоците за транспортни услуги за 5,3%. Трошоците за живот во споредба со јануари 2017 се зголемени и за другите производи и услуги. Цените на мало исто така во споредба со јануари 2017 година пораснале и тоа кај земјоделските производи, индустриските производи, прехранбените производи и услугите. Порастот на трошоците за живот е најголем пораст во последните неколку години и е доказ за неспособноста на СДСМ да ја води економијата. СДСМ е без идеја и продолжува со катастрофалните политики во економската сфера. Наместо нови вработувања имаме стотици отпуштања од работа. Наместо поволности за бизнисот имаме влошување на условите за водење на бизнис преку поскапување на основните средства за водење на бизнис. Младите не се враќаат, туку повеќе си заминуваат. Државата не ги подобрува условите, туку ги влошува. Политиките на СДСМ ја водат државата кон економското дно. Наместо живот дојде беда“ се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ“ - стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ. 

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на трошоците на животот во јануари 2018 година, во  однос на претходниот месец, изнесува 99.6, а индексот на цените на мало 99.9.

Пораст на индексите на трошоците на животот во јануари 2018 година, во споредба со претходниот месец, е забележан  кај свежото и разладеното овошје за 2.6%, рибата и морските плодови за 1.3% и јајцата за 0.3%.

Можеби ќе ве интересира

ЗА ЕДНО ЕВРО РУЧЕК И ПРЕВОЗ: Oва е најевтината земја за живеење

ЗА ЕДНО ЕВРО РУЧЕК И ПРЕВОЗ: Oва е најевтината земја за живеење

МИЗО ПОТВРДИ ДЕКА ЗА ОВА РАЗГОВАРАЛЕ СО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ: Македонија треба да се адаптира на глобалниот минимален данок на добивка од 15 oтсто

МИЗО ПОТВРДИ ДЕКА ЗА ОВА РАЗГОВАРАЛЕ СО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ: Македонија треба да се адаптира на глобалниот минимален данок на добивка од 15 oтсто

ПЧЕНИЦАТА ПОЕВТИНИ: Цената на златото и нафтата скокнаа

ПЧЕНИЦАТА ПОЕВТИНИ: Цената на златото и нафтата скокнаа

БИТИЌИ Е ОПТИМИСТ: Вели дека со влезот во ЕУ просечната плата ќе изнесува 1.300 евра

БИТИЌИ Е ОПТИМИСТ: Вели дека со влезот во ЕУ просечната плата ќе изнесува 1.300 евра

Новите газди го вратија стариот сјај! Како „Скопски пазар“ ќе направи над 10 милиони евра приходи?

Новите газди го вратија стариот сјај! Како „Скопски пазар“ ќе направи над 10 милиони евра приходи?

ВЛЕГЛЕ ВО КАНЦЕЛАРИЈАТА НА GOOGLE ВРЕДНА ДВЕ МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ - „баш е таква каква што ја замислувавме, право одморалиште“

ВЛЕГЛЕ ВО КАНЦЕЛАРИЈАТА НА GOOGLE ВРЕДНА ДВЕ МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ - „баш е таква каква што ја замислувавме, право одморалиште“

ЦЕНТРАЛНОЕВРОПСКИ ДОГОВОР ЗА СЛОБОДНА ТРГОВИЈА - ДОПОЛНИТЕЛЕН ПРОТОКОЛ 6 - еве кои се предностите

ЦЕНТРАЛНОЕВРОПСКИ ДОГОВОР ЗА СЛОБОДНА ТРГОВИЈА - ДОПОЛНИТЕЛЕН ПРОТОКОЛ 6 - еве кои се предностите

Битиќи: Во 2025 работна недела од 7 часа дневно во одредени сектори

Битиќи: Во 2025 работна недела од 7 часа дневно во одредени сектори

МАКЕДОНСКИТЕ ЧОКОЛАДИ САМО МАЛКУ ПОВКУСНИ ЗА СТРАНЦИТЕ - како „Европа“ профитираше со 600 илјади евра и дали е тоа добар резултат

МАКЕДОНСКИТЕ ЧОКОЛАДИ САМО МАЛКУ ПОВКУСНИ ЗА СТРАНЦИТЕ - како „Европа“ профитираше со 600 илјади евра и дали е тоа добар резултат