23 Јули, 2019
0.0239

ВМРО-ДПМНЕ: Признанието на Богоевски е како крадец да се брани дека не украл пари

Објавено во: Македонија 15 Мај, 2019

Oд ВМРО-ДПМНЕ велат дека пратеникот Павле Богоевски нема веќе никаков кредибилитет да биде пратеник и да ги лаже граѓаните со некакви пријави.

Според нив, постојат отворени сомневања дека Богоевски конзумира наркотици и дека е можно неговите изјави, настапи и одлуки да биле под дејство на опијати.

„Павле Богоевски треба да излезе и да каже дали е зависник од дрога или не е. Единствен начин да го докаже спротивното е своеволно да направи тест за дроги и да ја увери јавноста дека е вистина тоа што го збори. Доколку Богоевски одбие или не го направи тестот за дроги, истото ќе биде јасен показател дека е зависник од дрога. Неговиот одговор дека барал масло од канабис дури и да се земе дека е вистинит, повторно значи дека Павле Богоевски сторил кривично дело. И да се работи за тешка дрога и да се работи за канабис, конзумацијата и трговијата со истото е кривично дело и по однос на случајот Јавното обвинителство треба да поднесе кривична  пријава за Богоевски. Признанието на Богоевски е како крадец да се брани дека не украл пари во продавница, туку дека украл некој автомобил. И едното и другото се кривично дело и ниту едното, ниту другото го амнестира од вина. Очекуваме Зоран  Заев по директното признание од страна на Павле Богоевски дека извршил кривично дело да побара негова оставка. Но, и од Богоевски да покаже морална и политичка доблест и да даде директна оставка од функцијата пратеник“ – бара ВМРО- ДПМНЕ.

Пратеникот Павле Богоевски вели дека неговиот разговор објавен вчера на руската социјална мрежа „Вконтакте“ е нелегално снимен од таксист пред неколку месеци и е изваден од контекст. 

Попладнево пратеникот Павле Богоевски заминал во полициcката станица Центар, каде што самиот се пријавил за нeдoзволена тpговиja и швepц , но го пријавил таксистот, кого не го памети, за нeлeгaлно снимање и објавување на приватен разговор.

Можеби ќе ве интересира

Катица Јанева дојде во СЈО со службено возило

Катица Јанева дојде во СЈО со службено возило

Миле Јанакиески побарал операција, имал фамилијарна историја на здравствени проблеми

Миле Јанакиески побарал операција, имал фамилијарна историја на здравствени проблеми

СЈО: Стефанова не е уапсена

СЈО: Стефанова не е уапсена

УТРИНСКИ ФОКУС: Вториот телефон од „Рекет“ е најден - ДУИ во борба за МЕПСО

УТРИНСКИ ФОКУС: Вториот телефон од „Рекет“ е најден - ДУИ во борба за МЕПСО

Заев за БГНЕС: Нема да патуваме низ дупки до Софија

Заев за БГНЕС: Нема да патуваме низ дупки до Софија

СЛУЧАЈ „РЕКЕТ“: Вториот телефон кој се водеше како изгубен, бил подарен

СЛУЧАЈ „РЕКЕТ“: Вториот телефон кој се водеше како изгубен, бил подарен

Предлог-закон за Совет за јавни обвинители за контрола над СЈО

Предлог-закон за Совет за јавни обвинители за контрола над СЈО

ДУИ предложи шест директори

ДУИ предложи шест директори

Царовска на средба со директорите: Ќе има ли ново зголемување на вработените во градинките?

Царовска на средба со директорите: Ќе има ли ново зголемување на вработените во градинките?