ВМРО-ДПМНЕ протестираше во 11 града: Ласовска порача дека никој нема право да ги негира фактите

Објавено во: Македонија 30 Ноември, 2020
ВМРО-ДПМНЕ вечерва протестираше во 11 града низ Македонија.
Тие се револтирани од ставовите на премиерот Зоран Заев изнесени во неговото интервју за БГНЕС. Бараат да каже што ветил на Бугарија.
Пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Благица Ласовска, за време на протестот „Оставка на Заев, слобода на народот“, порача дека темелите на државноста на Република Македонија се илинденците и народноослободителната борба на партизанското движење АСНОМ и дека никој нема право да ги негира овие историски факти, а најмалку оној кој треба да го води македонскиот народ кон подобра иднина.
Изјавите на Заев ги нарекоа скандалозни.
Бараат оставка од Заев, формирање на Влада на национален спас, составена од експерти, како и обединување на целиот македонски народ и сите граѓани кои живеат во Македонија, Албанци, Турци, Власи, Срби, Бошњаци, Роми и останатите.
Можеби ќе ве интересира
ДОСИЕ: Разрешена судијката која ги казни Фатиме Фетаи и Катица Јанева додека ВМРО-ДПМНЕ беше на власт

Мицкоски: Полицијата казнува на Водици, а не вистинските криминалци на улиците

Здравев: Двајца судии ќе одговараат за 1.500-те заостанати платни налози

Макпетрол Инфо Поинт: Безбедносниот појас за 60 проценти ги намалува фаталните последици при сообраќајна незгода

ДИРЕКТНА И НЕПОВРАТНА ПОМОШ ЗА ТРАНСПОРТОТ, ТУРИЗМОТ И УГОСТИТЕЛСТВОТО - 15 конкретни барања од ССК

Институциите се изживуват со мене цели 10 месеци: Штипјанката Донева обвинува откако синот незаконски и е одземен од таткото
ЌЕ СЕ АКТИВИРА ЛИ ПОВТОРНО БРАНКО ЦРВЕНКОВСКИ ВО ПОЛИТИКАТА – тој вели, останувам настрана

Адеми: Никогаш нема да прифатам попис со Албанците под 20 отсто
