ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ се откажа од нејзините даночни авантури

Објавено во: Економија 01 Декември, 2022
Укинување на прогресивното оданочување е на барање на ВМРО-ДПМНЕ, велат од оваа партија.
Прашуваат до кое дереџе ја донесе СДС државата, да излезе цела влада на важна прес конференција и да се фали дека ќе продолжи со даночната политика како до сега.
„СДС со ваквите нестабилни политики придонесе да има уште поголем удар за стопанството. Креираат нестабилност, несигурност кај бизнисот и кај граѓаните. Три месеци изгубија во најава за даночни реформи, го убедуваа бизнис секторот и граѓаните дека прогресивниот данок е правилна мерка, за на крај да ја повлечат. И наместо да има акција од приватниот сектор тие чекаат и не можат ниту да планираат инвестиции, ниту развој. Напротив чекаат да видат каква ќе биде економската и даночната политика на Владата“, изјави пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски.
Велат дека СДСМ се откажа од нејзините даночни авантури и конечно прифати дека рамниот данок воведен од ВМРО-ДПМНЕ е стабилен.„Наместо во услови на инфлација и зголемен долг кој е над 7.5 милијарди евра граѓаните на Македонија да слушнат за даночни ослободувања, владата соопшти дека ќе има нов данок за фриленсерите, и даночни стапки кои се исти како до сега. Безидејност, презентирана преку прес конференција долга еден час е на лик на минатите прес конференции кои ги држат долго време за да ги манипулираат граѓаните дека наводно нешто направиле. Ја потценуваат интелигенцијата на македонскиот народ, презентирајќи правичност во оданочувањето, а всушност реалноста е сосема поинаква“, истакна Стојаноски.
Можеби ќе ве интересира
DELL ГО НАМАЛУВА БРОЈОТ НА РАБОТНИ МЕСТА: Ќе елиминира илјадници работници

КОЈ СЕ ЌЕ ДОБИЕ ПАРИ ЗА СПРАВУВАЊЕ СО ЕНЕРГЕТСКАТА КРИЗА - проверете дали ве има на листата

НАФТАТА НА НАЈНИСКО НИВО ВО ПОСЛЕДНИТЕ ТРИ НЕДЕЛИ - Цената падна за речиси 8 отсто

ШЕСТ ФИРМИ ЈА САКААТ КУЛАТА ГЕНЕКС - денеска конечна одлука, цената падна од 17 на 7 милиони евра

Кунгуловски излегува од бизнисот со лабораторија во „Жан Митрев“, но соработката продолжува

РОМАНЦИТЕ И БУГАРИТЕ НАЈМНОГУ ТРОШАТ НА ХРАНА - колкави се нашите трошоци и кој троши најмалку во ЕУ на основни потреби?

КАКО ИМ УСПЕА ДА УКРАДАТ 1,7 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ ВО КРИПТОВАЛУТИ: Лидери се, во светот им нема рамен

ШВАЈЦАРСКИОТ ГИГАНТ ГИ КРЕВА ЦЕНИТЕ: Слатките задоволства поскапо ќе ги купуваме

НЕДЕЛЕН БУЏЕТ ЗА ХРАНА ОД 1 МИЛИОН ДОЛАРИ, на најголемиот крузер на светот се прават повеќе од 30.000 оброци дневно
