24 Април, 2024
0.0272

ВМРО-ДПМНЕ: Се е што кажа Заев, за сѐ излажа

Објавено во: Македонија 01 Јули, 2018

Добивај вести на Viber

„Потпишување на капитулантски договор за промената на уставното име на Република Македонија, откажување од се што е македонско е добра вест единствено за Зоран Заев и СДСМ. За никој друг.

  Заев е човек кој ја влече Република Македонија во пропаст. Тој ветуваше дека нема да прифати промена на Уставното име на Република Македонија, но сега од позиција на власт ги распродава националните и државните интереси на сите страни. Заев не лаже, Заев суши!“, обвинуваат утрово од партијата на опозициската ВМРО ДПМНЕ.

Од таму потенцираат дека со со потпишувањето на договорот со Грција Заев се обидувал да го покрие криминалот, корупцијата, расипништвото и неспособноста на неговата Влада. Македонија без реформи не може да влезе во ЕУ.

„Заев ја потценува интелегенцијата на граѓаните и се обидува да ги убеди дека со три денари месечно за нив дошол животот.

  Намалувањето на електричната енергија за 0,1 процент не е мерка со која што Заев и СДСМ треба да се фали.

  Сите оние кои до сега за струја плаќале 3000 денари, со ова огромно достигнување на Заев, граѓаните за истата сметка ќе плаќаат 2997 денари. Односно за една година граѓаните ќе заштедат цели 36 денари. Намалување од 0,1 процент не претставува подобрување на стандардот на граѓаните, туку нивно понижување и потценување.

  Граѓаните очекуваат намалување на електричната енергија за 30 проценти, како што најавуваше Заев во опозиција. Но, се што кажа Заев, за се излажа, велат од ВМРО ДПМНЕ.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Гласаа изнемоштените, осудениците и иселениците, гласањето помина мирно

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Гласаа изнемоштените, осудениците и иселениците, гласањето помина мирно

ЗА СЛУЧАЈОТ СО ЈИЛДИЗ ВЕАПОСКА: Со супервештачење ќе се утврдува одговорноста на лекарите

ЗА СЛУЧАЈОТ СО ЈИЛДИЗ ВЕАПОСКА: Со супервештачење ќе се утврдува одговорноста на лекарите

АГЕЛЕР: Гласачите на оваа земја треба да поставуваат тешки прашања на кандидатите, а потоа мора да гласаат

АГЕЛЕР: Гласачите на оваа земја треба да поставуваат тешки прашања на кандидатите, а потоа мора да гласаат

ПО ПОЛНОЌ ЛЕПЕЛЕ ПЛАКАТИ: Тетовската полиција уапси две лица

ПО ПОЛНОЌ ЛЕПЕЛЕ ПЛАКАТИ: Тетовската полиција уапси две лица

ЌЕ БИДЕ ПРЕМЕСТЕН ВО ДРУГО УЧИЛИШТЕ: Надлежните ќе преземат мерки против ученикот кој истепа наставничка

ЌЕ БИДЕ ПРЕМЕСТЕН ВО ДРУГО УЧИЛИШТЕ: Надлежните ќе преземат мерки против ученикот кој истепа наставничка

ИНДЕКС НА ЧОВЕКОВИОТ РАЗВОЈ: Македонија лошо котира

ИНДЕКС НА ЧОВЕКОВИОТ РАЗВОЈ: Македонија лошо котира

ВО ПУСТЕЦ: Наскоро ќе биде поставена биста на Гоце Делчев

ВО ПУСТЕЦ: Наскоро ќе биде поставена биста на Гоце Делчев

ВАЖНО: Граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година ќе можат да гласаат

ВАЖНО: Граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година ќе можат да гласаат

УТРЕ НЕМА ДА РАБОТИ ЖИЧНИЦАТА, А АВТОБУСИТЕ ЌЕ ВОЗАТ ПО НЕДЕЛЕН ВОЗЕН РЕД: Еве што велат од ЈСП

УТРЕ НЕМА ДА РАБОТИ ЖИЧНИЦАТА, А АВТОБУСИТЕ ЌЕ ВОЗАТ ПО НЕДЕЛЕН ВОЗЕН РЕД: Еве што велат од ЈСП