ВМРО-ДПМНЕ: Сопартијци на Мицкоски ќе одат во самоизолација
Објавено во: Македонија 10 Април, 2020
Сите кои биле во контакт со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, се подготвуваат да се стават во самоизоолација, соопштуваат од најголемата опозициска партија. Оттаму велат дека ќе преземат и дополнителни мерки кои ќе ги соопштат во текот на денот.
Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека и до сега се придржувале до сите превентивни протоколи во седиштето на партијата, нагласувајќи дека имаат и заштитни маски и средства за дезинфекција.