19 Април, 2024
0.0282

ВМРО ДПМНЕ уште бара парламентарни избори

Објавено во: Македонија 26 Мај, 2017

Добивај вести на Viber

Партијата која наскоро ќе премине во најголема опозиција не се откажува од нови предвремени парламентарни избори и пкрај тоа што е на повидок нова влада.

Од ВМРО ДПМНЕ во денешното соопштение велат дека се партија која работи за граѓаните и државата и ги штити нивните интереси, додека СДСМ е синоним за деструкција и интриги.

„ВМРО-ДПМНЕ создава и гради. Креирајќи нови вредности создаваме подобра иднина за идните генерации.

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ во овој временски период гради 200 км гасоводна мрежа, паралелно градејќи три гасоводни линии. Скопје-Тетово-Гостивар, Штип-Неготино и Неготино-Прилеп-Битола.

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ги прави најголемите инфраструктурни зафати во историјата на Македонија, истовремено работејќи на три автопати, Демир Капија-Смоквица, кој е речиси финиширан, Миладиновци-Штип кој е во крајна фаза на реализација и Кичево-Охрид на кој исто така интензивно се работи. Истовремено работејќи на експресниот пат Штип-Кочани, како и Битола-Ресен-Буково.

ВМРО-ДПМНЕ посебен акцент стави на здравството и унапредувањето на здравствената заштита, при што моментално во тек е изградбата на Клиничката болница во Штип, проект кој чини вкупно 56 милиони евра, а целосно е реконструирана Клиничката болница во Битола, истовремено потпишан е договорот за изградба на новиот Клинички центар во Скопје, во вредност од 72 милиони евра, кој ќе зафаќа површина од 46.987м2, а ќе има и хиподром во самиот склоп на објектот, тој ќе претставува најголем објект од таков вид во Република Македонија и ќе воспостави нови стандарди во здравственото работење во државата.

ВМРО-ДПМНЕ секогаш на прво место ја имаше едукацијата и културниот развој на младите и општо на целата популација, реализирајќи го проектот превод на најдобрите „Стручни научни книги и учебници“, соопштуваат од партијата на Никола Груевски.

Оттаму го повикаа Заев и СДСМ да соберат храброст и да овозможат редовни локални избори и предвремени парламемтарни избори.

Можеби ќе ве интересира

ОСМАНИ ОСТАНУВА НА СВОЈОТ СТАВ: Владата ќе одлучи за иднината на Отворен Балкан

ОСМАНИ ОСТАНУВА НА СВОЈОТ СТАВ: Владата ќе одлучи за иднината на Отворен Балкан

ГРЕШКА СО ЗНАМИЊАТА: Македонската армија се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд

ГРЕШКА СО ЗНАМИЊАТА: Македонската армија се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд

АПАСИЕВ ЗА ИЗЈАВАТА НА МИЦКОСКИ: Не верувај им на ДПМНЕјците, дури и кога ти носат подароци

АПАСИЕВ ЗА ИЗЈАВАТА НА МИЦКОСКИ: Не верувај им на ДПМНЕјците, дури и кога ти носат подароци

Директорот на „Стрежево“ купил 4,5 пати поскап ратрак на старо

Директорот на „Стрежево“ купил 4,5 пати поскап ратрак на старо

ДАВКОВА ИЛИ ПЕНДАРОВСКИ, ТАРАВАРИ ИЛИ ОСМАНИ, ВМРО-ДПМНЕ ИЛИ СДСМ - еве кој води на најновата анкета на ЦРПЦ

ДАВКОВА ИЛИ ПЕНДАРОВСКИ, ТАРАВАРИ ИЛИ ОСМАНИ, ВМРО-ДПМНЕ ИЛИ СДСМ - еве кој води на најновата анкета на ЦРПЦ

Боки 13: Да се расчисти случајот „Рекет“ и да се каже каде се парите

Боки 13: Да се расчисти случајот „Рекет“ и да се каже каде се парите

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

ДИРЕКТОРОТ НА ЈП „СТРЕЖЕВО“ ЗАРАБОТИ КРИВИЧНА ПРИЈАВА: И покрај тоа што имале ратрак, тој повторно спровел постапка за набавка на уште еден

ДИРЕКТОРОТ НА ЈП „СТРЕЖЕВО“ ЗАРАБОТИ КРИВИЧНА ПРИЈАВА: И покрај тоа што имале ратрак, тој повторно спровел постапка за набавка на уште еден

СОНК не сака да одработува саботи во училиштата

СОНК не сака да одработува саботи во училиштата