25 Април, 2024
0.0582

ВМРО-ДПМНЕ во честитката за 1 мај истакнува што направила за работниците

Објавено во: Македонија 01 Мај, 2017

Добивај вести на Viber

ВМРО-ДПМНЕ на сите граѓани на Република Македонија им го честита Меѓународниот ден на трудот – 1 мај.

Во соопштението по повод празникот наведуваат дека ВМРО-ДПМНЕ и понатаму останува посветено на зголемување на работничките права, отворањето на нови работни места, зголемувањето на платите, подобрата здравствена и социјална заштита и повисокиот стандард на работниците.

„ВМРО-ДПМНЕ превзема мерки за полесно вработување на сите категории на граѓани и обезбедување на нивна социјална сигурност, пред се на младите, лицата од социјален ризик, самохраните родители, лицата со хендикеп, невработените лица во поодмината возраст итн. Тоа го правиме преку директна поддршка со кредитирање или бенефиции за нивно вработување. Во изминатите години посветено работевме на заштитата на работничките права, воведен е концептот на бруто плата, со што се овозможува интегрирана исплата на плати и придонеси од задолжително социјално осигурување. Со помош на овие политики на ВМРО-ДПМНЕ континуирано се намалува невработеноста која од рекордните највисоки 39% во 2006-та сега е на рекордно ниски 23,7 %. За првпат се донесе Закон за минимална плата, а истата во наредниот период континуирано ќе се зголемува. Се зголемија платите и се воведе задолжителна исплата на регрес за годишен одмор, познат како К-15“ - додаваат од партијата. 

ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да работи во подобрување на заштитата на работничките права, подобрување на социјалниот статус на работникот во Македонија и обезбедување на негов подобар стандард, стои во соопштението. 

Можеби ќе ве интересира

ИВОР МИЦКОВСКИ: Ако успеат да не коалицираат со ДУИ и да направат нешто..., ВМРО-ДПМНЕ ќе газат со години

ИВОР МИЦКОВСКИ: Ако успеат да не коалицираат со ДУИ и да направат нешто..., ВМРО-ДПМНЕ ќе газат со години

(ВИДЕО) Ечат македонската химна и народни песни на скопскиот плоштад

(ВИДЕО) Ечат македонската химна и народни песни на скопскиот плоштад

НАЈНОВИ РЕЗУЛТАТИ ОД ДИК: На обработени 90,49 отсто гласови - Давкова 326.310, Пендаровски 162.678

НАЈНОВИ РЕЗУЛТАТИ ОД ДИК: На обработени 90,49 отсто гласови - Давкова 326.310, Пендаровски 162.678

„СТЕВЧО ЈАКИМОВСКИ СОБРА ПОВЕЌЕ ПОТПИСИ ОД ГЛАСОВИ“: Доктор Беќаровски за изборниот резултат на градоначалникот на Карпош

„СТЕВЧО ЈАКИМОВСКИ СОБРА ПОВЕЌЕ ПОТПИСИ ОД ГЛАСОВИ“: Доктор Беќаровски за изборниот резултат на градоначалникот на Карпош

ГРУБИ БАРА ОСТАВКИ - од Изет Меџити, Арбен Таравари, Билал Касами, Африм Гаши

ГРУБИ БАРА ОСТАВКИ - од Изет Меџити, Арбен Таравари, Билал Касами, Африм Гаши

„БЕВ, СУМ И ОСТАНУВАМ ЛЕВИЧАР!“ Ванковска им честиташе на победниците, но најави дека новиот претседател допрва ќе се соочи со нејзините предвидувања

„БЕВ, СУМ И ОСТАНУВАМ ЛЕВИЧАР!“ Ванковска им честиташе на победниците, но најави дека новиот претседател допрва ќе се соочи со нејзините предвидувања

МИЦКОСКИ: ОВАА ВЛАСТ ПАЃА, ЦРВЕНИОТ КАРТОН СЛЕДУВА НА 8 МАЈ - се слушнав со Таравари и му посакав идна Влада во Македонија

МИЦКОСКИ: ОВАА ВЛАСТ ПАЃА, ЦРВЕНИОТ КАРТОН СЛЕДУВА НА 8 МАЈ - се слушнав со Таравари и му посакав идна Влада во Македонија

„СЕ ГЛЕДАМЕ ЗА ДВЕ НЕДЕЛИ, ЌЕ СЕ БОРИМЕ ДОДЕКА НЕ ПОБЕДИМЕ“: Ковачевски рече дека се надевале на подобри резултати

„СЕ ГЛЕДАМЕ ЗА ДВЕ НЕДЕЛИ, ЌЕ СЕ БОРИМЕ ДОДЕКА НЕ ПОБЕДИМЕ“: Ковачевски рече дека се надевале на подобри резултати

Пендаровски: ВМРО-ДПМНЕ не е сигурен во победа во вториот круг

Пендаровски: ВМРО-ДПМНЕ не е сигурен во победа во вториот круг