24 Април, 2024
0.0449

ВМРО-ДПМНЕ: За да не изгубат во Скопје СДСМ водат црна кампања

Објавено во: Македонија 07 Октомври, 2017

Добивај вести на Viber

ВМРО-ДПМНЕ возврати на обвинувањата на Дамјан Манчевски за одговорноста на властите за трагичните поплави во Скопје кога дваесетина граѓани ги загубија животите и ваквите изјави ги окаректеризираа како водење на црна кампања.

„Срамно и лицемерно е што СДС и Дамјан Манчевски ја злоупотребуваат загубата на човечките животи во катастрофалните поплави кои се случија минатата година, со евтини манипулации и црна изборна кампања, надевајќи се  дека ако кажат некоја лага и оцрнат некого, со тоа ќе добијат некој глас повеќе кај граѓаните на претстојните локални избори“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на изјавата на социјадемократот Дамјан Манчевски.

Од партијата велат дека соочени од се поочигледниот пораз кој ќе им се случи на нивниот кандидат за градоначалник Петре Шилегов на 15 октомври, во паника, очај и отсуство на реална програма и конкретни проекти кои можат да им ги понудат на скопјани,  СДСМ секојдневно води црна изборна кампања, надевајќи се дека тоа ќе им ја донесе победата во Скопје.

„Ниедна лага и црна кампања, нема  да  го смени мислењето на граѓаните.Зад Коце Трајановски како градоначалник на Скопје стојат многубројни реализирани проекти и многу работа и граѓаните го гледаат и вреднуваат тоа. Скопјани на 15-ти октомври ќе ја направат разликата. Скопјани ќе гласаат за реализирани проекти, за работа за  дела ,а не за празни ветувања и безочни лаги. СДС и нивниот кандидат за градоначалник Петре Шилегов, на овие локални избори ќе бидат убедливо поразени“, се додава во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Можеби ќе ве интересира

ЈСП ОСТАНА БЕЗ НАЈПОЗНАТАТА ЖЕНА ШОФЕР НА АВТОБУС: Макфире Шакири замина на печалба

ЈСП ОСТАНА БЕЗ НАЈПОЗНАТАТА ЖЕНА ШОФЕР НА АВТОБУС: Макфире Шакири замина на печалба

ВАЖНО ЗА ГРАЃАНИТЕ: Готовите лични документи можат да се подигнат и денеска

ВАЖНО ЗА ГРАЃАНИТЕ: Готовите лични документи можат да се подигнат и денеска

ДОКТОР БЕЌАРОВСКИ СЕ ЗАБЛАГОДАРИ НА ЈАВНОСТА: Ви благодарам на сите за поддршката

ДОКТОР БЕЌАРОВСКИ СЕ ЗАБЛАГОДАРИ НА ЈАВНОСТА: Ви благодарам на сите за поддршката

ГРАЃАНИТЕ ГЛАСААТ ЗА ШЕФ НА ДРЖАВАТА: Право да гласаат за својот фаворит имаат 1.814.317 граѓани

ГРАЃАНИТЕ ГЛАСААТ ЗА ШЕФ НА ДРЖАВАТА: Право да гласаат за својот фаворит имаат 1.814.317 граѓани

ЕВЕ КОГА МОЖЕ ДА ОЧЕКУВАМЕ ПОСТАБИЛНО И ПРОЛЕТНО ВРЕМЕ: До петок времето ќе биде прилично променливо

ЕВЕ КОГА МОЖЕ ДА ОЧЕКУВАМЕ ПОСТАБИЛНО И ПРОЛЕТНО ВРЕМЕ: До петок времето ќе биде прилично променливо

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Гласаа изнемоштените, осудениците и иселениците, гласањето помина мирно

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Гласаа изнемоштените, осудениците и иселениците, гласањето помина мирно

ЗА СЛУЧАЈОТ СО ЈИЛДИЗ ВЕАПОСКА: Со супервештачење ќе се утврдува одговорноста на лекарите

ЗА СЛУЧАЈОТ СО ЈИЛДИЗ ВЕАПОСКА: Со супервештачење ќе се утврдува одговорноста на лекарите

АГЕЛЕР: Гласачите на оваа земја треба да поставуваат тешки прашања на кандидатите, а потоа мора да гласаат

АГЕЛЕР: Гласачите на оваа земја треба да поставуваат тешки прашања на кандидатите, а потоа мора да гласаат

ПО ПОЛНОЌ ЛЕПЕЛЕ ПЛАКАТИ: Тетовската полиција уапси две лица

ПО ПОЛНОЌ ЛЕПЕЛЕ ПЛАКАТИ: Тетовската полиција уапси две лица