17 Август, 2022
0.0320

ВМРО-ДПМНЕ: Заев трет ден молчи и бега од одговор што договорил во Софија

Објавено во: Македонија 23 Јуни, 2017

Добивај вести на Viber

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека премиерот, Зоран Заев трет ден молчи и бега од одговор, одбивајќи да и каже на македонската јавност што точно договорил во Софија. 

Од партијата потсетуваат дека Заев има обврска за транспарентно и инклузивно работење особено кога станува збор за прашања од највисок национален интерес.

„Граѓаните на Република Македонија се вознемирени бидејќи не знаат што точно прифатил Заев во договорот чие потпишување го најави за 2 август. Зоран Заев треба да им одговори на македонските граѓани кои делови од учебниците по историја ќе ги брише и кој ќе одлучи што да се брише? Дали ги прашал за тоа македонските граѓани на кои им ветуваше дебата за секое позначајно прашање? Заев молчи, но затоа гласни се поединци од Бугарија, кои со восхит гледаат на дејствијата на Заев, според кои македонскиот јазик е пишана форма на бугарски дијалект, а македонската историја е бугарска. Дали целта на Заев е Македонија, нејзиниот јазик, култура и историја да бидат негирани? Вака ли планира Заев да ја води Република Македонија, со виткање на кичмата за секое позначајно национално и државно прашање. Заев ја обвинува Република Македонија за ширење на омраза и национализам, без притоа да каже каков национализам и омраза покажувала Република Македонија од осамостојувањето до денес. Ја обвинува Македонија, но молчи пред сите изливи на национализам кои се упатени кон земјава, а чии интереси тој како премиер е должен да ги штити“ - реагираат од ВМРО-ДПМНЕ. 

Порачуваат дека граѓаните од СДС не очекуваат распродажба на националните интереси и разградување на националното ткиво, туку 16.000 денари минимална плата, 30.000 денари просечна плата, нови 500 километри автопат, а лекарите очекуваат 100.000 денари плата. 

Можеби ќе ве интересира

Oбвинителството отвори истрага за грабнување на бебе во Скопје

Oбвинителството отвори истрага за грабнување на бебе во Скопје

Регистрирани 521 нов случај на КОВИД-19, починати се три лица

Регистрирани 521 нов случај на КОВИД-19, починати се три лица

Министерството за култура ги стопира парите за фестивал, ќе пеел Аца Лукас

Министерството за култура ги стопира парите за фестивал, ќе пеел Аца Лукас

Полицијата заплени дрога во поранешна фабрика за канабис во Битола

Полицијата заплени дрога во поранешна фабрика за канабис во Битола

Маричиќ: Препораките на историската комисија ќе се имплементираат за две години

Маричиќ: Препораките на историската комисија ќе се имплементираат за две години

СИТЕ ДВА РЕНТГЕН АПАРАТИ ВО КЛИНИЧКИОТ ЦЕНТАР НЕ РАБОТАТ ДЕСЕТТИНА ДЕНА: Пациентите „трчаат“ да се снимат приватно или во Градска болница

СИТЕ ДВА РЕНТГЕН АПАРАТИ ВО КЛИНИЧКИОТ ЦЕНТАР НЕ РАБОТАТ ДЕСЕТТИНА ДЕНА: Пациентите „трчаат“ да се снимат приватно или во Градска болница

СЕ ВРАЌААТ ТРОПСКИТЕ ГОРЕШТИНИ: Ни пристигнува портокалова фаза-еве ја прогнозата

СЕ ВРАЌААТ ТРОПСКИТЕ ГОРЕШТИНИ: Ни пристигнува портокалова фаза-еве ја прогнозата

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Јовески ја суспендираше Русковска, а Муареми се повлече од директорското место во Финансиската полиција

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Јовески ја суспендираше Русковска, а Муареми се повлече од директорското место во Финансиската полиција

ПРОМЕНИ ВО БАЛАНСЕРОТ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ: Eдна третина во јавниот сектор треба да бидат Албанци

ПРОМЕНИ ВО БАЛАНСЕРОТ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ: Eдна третина во јавниот сектор треба да бидат Албанци