01 Октомври, 2022
0.0325

ВМРО-ДПМНЕ жали за прекинатите македонски реклами на BBC и CNN

Објавено во: Македонија 22 Јуни, 2017

Добивај вести на Viber

Новата влада предводена од Зоран Заев реши да ја прекине рекламната кампања за Македонија која во континуитет се одвива на светските ТВ мрежи BBC и CNN под изговор дека веќе не се потребни и со тоа ќе се заштедат 10 милиони евра во многу тежок период за сервисирање на државниот буџет. Сепак, одлуката наиде на критики од страна на ВМРО-ДПМНЕ кои сметаат дека токму рекламите за инвестирање и туризмот во Македонија донеле многу бенефиции.

- Владиното рекламирање во овие реномирани медиумски куќи позитивно ја презентираше Република Македонија и ги запозна мегународните инвеститори со бизнис можностите кои ги нуди Република Македонија. Владиното рекламирање во овие еминетни медиуми го зголеми и бројот на странски туристи во Република Македонија, па така од некогашните 442.845 ноќевања во 2006 година, во 2015 бројката на странски туристи кои оствариле ноќевање во Републука Македонија изнесува 1.036.383.

Емитувањето на Владините реклами и промоцијата на Република Македонија одеше под уставното име на државата промовирајќи ги највисоките национални интереси. Со укинувањето на рекламите, СДС го тргнува и промовирањето на името Македонија од светските медиуми во позитивен контекст.

Наместо антиреформи граѓаните од СДС очекуваат минимална плата од 16.000 денари, просечна плата од 30.000 денари,а лекарите очекуваат плата од 100.000 денари, граѓаните ги чекаат и новите 500 километри автопат кои СДС им ги вети“ се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.


Можеби ќе ве интересира

СЕДУМНАЕСЕТ ГОДИШЕН ТИНЕЈЏЕР ТЕШКО ПОВРЕДЕН ВО СООБРАЌАЈКА, две момчиња од Желино излетале од патот

СЕДУМНАЕСЕТ ГОДИШЕН ТИНЕЈЏЕР ТЕШКО ПОВРЕДЕН ВО СООБРАЌАЈКА, две момчиња од Желино излетале од патот

ПЕНДАРОВСКИ СО ГОЛЕМА ПОСВЕТЕНОСТ ЈА СЛУША ФОН ДЕР ЛАЈЕН, средба во Софија со фокус на скринингот и енергетската криза

ПЕНДАРОВСКИ СО ГОЛЕМА ПОСВЕТЕНОСТ ЈА СЛУША ФОН ДЕР ЛАЈЕН, средба во Софија со фокус на скринингот и енергетската криза

ОДСАБАЈЛЕ СОНЧЕВО, ПОРОЈНИ ДОЖДОВИ ВО ПОПЛАДНЕВНИТЕ ЧАСОВИ, можна е појава на невреме во одредени региони

ОДСАБАЈЛЕ СОНЧЕВО, ПОРОЈНИ ДОЖДОВИ ВО ПОПЛАДНЕВНИТЕ ЧАСОВИ, можна е појава на невреме во одредени региони

РАСКОЛ ВО ДУИ, МУСА ЏАФЕРИ СО УЛТИМАТУМ: Или оставка на Груби или војната во ДУИ ќе ескалира

РАСКОЛ ВО ДУИ, МУСА ЏАФЕРИ СО УЛТИМАТУМ: Или оставка на Груби или војната во ДУИ ќе ескалира

Попис 2021: Во брачна задница живее 65,3 отсто од резидентното население, 23,8 проценти не стапиле во брак

Попис 2021: Во брачна задница живее 65,3 отсто од резидентното население, 23,8 проценти не стапиле во брак

Во Албанија повеќе пријавени од Македонија за гласање на изборите во Бугарија

Во Албанија повеќе пријавени од Македонија за гласање на изборите во Бугарија

Поскапе пајак-службата во Центар

Поскапе пајак-службата во Центар

АРСОВСКА ДОБИ ЗАМЕНИК, ова е новиот заменик градоначалник

АРСОВСКА ДОБИ ЗАМЕНИК, ова е новиот заменик градоначалник

Коко детско штедно осигурување: За сигурна иднина и исполнети соништа

Коко детско штедно осигурување: За сигурна иднина и исполнети соништа