ВМРО-ДПМНЕ започнува со протести, утре и опозицијата ќе маршира за правда
Објавено во: Македонија 24 Февруари, 2020
Христијан Мицкоски, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, денеска го повика членството и симпатизерите на утрешен протест пред Јавното Обвинителство во 18 часот на кејот на реката Вардар, па до Врховниот суд.
Овој повик наликува на оној на СДСМ кој по распуштањето на Собранието организираше марш за правда од Законодавниот дом до Кривичниот суд.
- Ги повикувам сите граѓани да ни се приклучат - од сите националности и убедувања. Ова не е протест само за ВМРО-ДПМНЕ, рече денеска Мицкоски.
Како повопд за овиј протест го наведе претседателот на СДСМ, Зоран Заев, кој според лидерот на опозицијата бил „и судија, и обвинител“.