ВМРО-ДПМНЕ: Зоран Заев е во паника, доказите за „Рекет“ го стегаат обрачот
Објавено во: Македонија 13 Август, 2019
Oд ВМРО-ДПМНЕ се јавија со реакција откако премиерот Зоран Заев изјави дека нема да дозволи неколку криминалци да ја урнат Владата.
Од партијата велат дека криминалците се во Владата и ги води Зоран Заев.
„Тие ја уриваат Македонија и единствен начин да се спаси државата е да бидат поразени. Зоран Заев е во очевидна паника. Доказите кои излегуваат во јавноста за случајот ‘Рекет’, кои го стегаат обрачот околу него се флагрантни и од нив нема бегање. Одговорност мора да има. ВМРО-ДПМНЕ најостро ги осудува навредите и заканите на Заев кон новинарите кои го обелоденија неговиот криминал. ВМРО-ДПМНЕ ги осудува и навредите врз основа на сексуалната определба. Настапот на Заев докажува дека Боки Тредичи е негова креатура и дека знаел за се што се случува. Толкав гнев и агресија кон луѓе со понаква сексуална ориентација може да се објаснат само со огромна блискост во минатиот период”, пишува во соопштението од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата додаваат дека „Заев е очигледно исплашен од медиумските написи дека осомничениот Боки Тредичи има докази против него и ќе ги обелодени”.