20 Април, 2024
0.0291

ВМРО-НП e против тоа 80 отсто од амбасадорите да бидат дипломати од кариера

Објавено во: Македонија 14 Декември, 2019

Добивај вести на Viber

Од ВМРО-Народна партија се против идејата за промени во Законот за Надворешни работи со кој законски ќе се бара 80 отсто од амбасадорите да бидат вработени во Министерството за надворешни работи или т.н. дипломати од кариера. 

„Сметме дека на тој начин се оневозможува достап до овие значајни места за видни и докажани личности од многу области: писатели, уметници, новинари, доктори, бивши министри, па дури и академици. Наспроти тоа ќе бидат фаворизирани само вработените во МНР кои пак ќе ни бидат претставени како експерти, а најголем дел од нив знаеме дека се вработени под чисто партиски клуч. Впрочем не постои ниту една анализа од која можеме да видиме дека т.н. експерти имаат поуспешни резултати од амбасадорите кои се дојдени од други сфери. ВМРО-Народна партија стравува дека на овој начин МНР ќе почне да наликува на една секта, недопирлива и затворена за надворешниот свет“ – велат од ВМРО-НП.

Велат дека поради тоа измени на Законот за надворешни работи не треба да бидат прифатени.

Но, претседателот Стево Пендаровски вели дека повеќе од 90 проценти од предложените амбасадори се дипломати од кариера.

Тој генерално е задоволен од тоа што изборот е направен според принципот на професионалност.

Можеби ќе ве интересира

ДУИ: Мицкоски и ВМРО јавно бараат Македонија без Албанци

ДУИ: Мицкоски и ВМРО јавно бараат Македонија без Албанци

КРИВИЧНА ПРОТИВ ОЛИВЕР СПАСОВСКИ: Синдикатот на полицијата oбвинува за несовесно работење

КРИВИЧНА ПРОТИВ ОЛИВЕР СПАСОВСКИ: Синдикатот на полицијата oбвинува за несовесно работење

ВАНКОВСКА: Kамшикот му се дава на Грк, Преспа мора да се раскине

ВАНКОВСКА: Kамшикот му се дава на Грк, Преспа мора да се раскине

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА ЗА РУСКОТО ВЛИЈАНИЕ: Ако има политички актери некои, тие се маргинални

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА ЗА РУСКОТО ВЛИЈАНИЕ: Ако има политички актери некои, тие се маргинални

КРАДЕЊЕ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ ЗА ПОДИГАЊЕ НА БРЗИ КРЕДИТИ: Koлку пријави има годинава во полиција?

КРАДЕЊЕ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ ЗА ПОДИГАЊЕ НА БРЗИ КРЕДИТИ: Koлку пријави има годинава во полиција?

НАЈЧЕВСКА: Почнаа наддавањата на големите партии кој колку ќе им ги покачи пензиите на пензионерите

НАЈЧЕВСКА: Почнаа наддавањата на големите партии кој колку ќе им ги покачи пензиите на пензионерите

СТУДЕНО УТРО ВО МАКЕДОНИЈА: Каде се измерени температури под нулата?

СТУДЕНО УТРО ВО МАКЕДОНИЈА: Каде се измерени температури под нулата?

НАПРАВИЛЕ ШТЕТА НА БУЏЕТОТ НА БОГДАНЦИ: Поднесена е кривична пријава против градоначалникот и вработена во урбанизам

НАПРАВИЛЕ ШТЕТА НА БУЏЕТОТ НА БОГДАНЦИ: Поднесена е кривична пријава против градоначалникот и вработена во урбанизам

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра