25 Април, 2024
0.0285

Во 2013-та МРТ со буџет над 5 милиони евра

Објавено во: Економија 20 Февруари, 2013

Добивај вести на Viber

Приходот од радиодифузната такса е основен извор на финансирање на МРТ,  кој за оваа година е планиран да изнесува 998 милиони денари, што е 63,5 проценти учество во вкупно планираните приходи. Од буџетот на државата се планирани 143 милиони денари, а од продажба на рекламен простор се очекува приход од 80 милиони денари, што е  5,09 проценти учество во вкупниот приход. За создавање и емитување на програмата се планирани 1.569.000.000 денари, а од нив за плати на вработените се планирани 332 милиони денари. Годишниот финансиски план на МРТ за 2013 го образложи претседателот на Советот на ЈП МРТ Слободан Чашуле на 55 седниц во Собранието. Тој истакна дека се направени сериозни иновации,  што довело и до раст на гледаноста. - МРТ се крева. За да ги достигне стандардите ќе и треба време и ресурси, но процесот почна. Размислуваме како да ја унапредиме програмата во сите сервиси и на сите јазици, рече Чашуле. На седницата беа донесени и одлуки за одобрување финансиски планови за активностите на сателитските програмски сервиси на МРТ наменети за иселениците, како и финансиски план за редовните и инвестициските активности за Собранискиот канал за 2013.  

Можеби ќе ве интересира

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди