29 Март, 2024
0.0274

Во 2018-та бесплатно ќе може да се полнат е-автомобилите во Македонија

Објавено во: Економија 22 Мај, 2018

Добивај вести на Viber

Ова лето, ќе бидат инсталирани 40 полначи за електрични автомобили во сите поголеми градови во Македонија  а заради промоција на е-автомобилизомот, ЕВН нема да наплаќа во 2018-та. Ова за „Капитал“ го потврди Штефан Петер, претседателот на Управниот одбор на ЕВН Македонија.

- За ракување со електронските полначи едноставно ви е потребна картичка од ЕВН. Го паркирате вашето електрично возило бесплатно на еден од назначените паркинзи за полнење кој секогаш ќе биде во центарот на општината. Потоа се регистрирате со картичката и го поврзувате вашиот автомобил со полначот. Тоа е тоа. Потрошената електрична енергија ќе ви дојде во вашата месечна фактура. Но, не во 2018 година. Како промоција на е-автомобилите и подобра животна средина, ЕВН нема да ги наплаќа трошоците на купувачот - вели Петер на едно од прашањата во интервјуто.

Тој додава дека во моментов во Македонија нема повеќе од 100-тина е-автомобили.

- Според моето знаење, помалку од 100. Но, прашањето треба да биде – колку може да бидат опслужени? Кој е потенцијалот? Во Норвешка оваа година, регистрацијата на е-автомобили (и хибриди) ја надминува онаа на конвенционалните автомобили. Мислам дека тоа е мега-тренд. Некои научници предвидуваат дека прагот од 100 милиони возила низ целиот свет ќе се постигне до 2030 година. Опсегот на е-автомобилите се зголемува од ден на ден и тука малата површина на земјава е предност. Но, ја имаме дилемата со кокошката и јајцето. Што доаѓа прво? Е-автомобилите или е-полначите? Решивме да го прекинеме овој циклус и ќе инсталираме 40 современи електрични полначи во Скопје и сите поголеми градови во Македонија на јавен простор. Значи, ова лето ќе биде можно да се вози е-автомобил од Скопје до Охрид, да се наполнат батериите додека се испие кафе на езерото, да се продолжи до Битола, Прилеп, Велес и назад во Скопје и секогаш да се најдат можности за полнење. Ова е можно само со добра соработка со општините - изјави Петер.

Можеби ќе ве интересира

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА УО НА „ГРАНИТ“ СТРАШО МИЛКОВСКИ СЕ СТЕКНА СО 4.200 АКЦИИ - исто толку нови акции има и Ивана Милковска Симева, претседател на НО

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА УО НА „ГРАНИТ“ СТРАШО МИЛКОВСКИ СЕ СТЕКНА СО 4.200 АКЦИИ - исто толку нови акции има и Ивана Милковска Симева, претседател на НО

ДОМАШНОТО ПРОИЗВОДСТВО НА МЛЕКО СЕ НАМАЛИЛО ЗА НАД 25 ПРОЦЕНТИ: статистика изброја и помалку говеда

ДОМАШНОТО ПРОИЗВОДСТВО НА МЛЕКО СЕ НАМАЛИЛО ЗА НАД 25 ПРОЦЕНТИ: статистика изброја и помалку говеда

БОГАТАШИТЕ И НИВНИТЕ ТЕЛЕФОНИ - ANDROID ИЛИ IPHONE: Овие видови мобилни ги користат Гејтс, Закерберг, Бафет и Безос

БОГАТАШИТЕ И НИВНИТЕ ТЕЛЕФОНИ - ANDROID ИЛИ IPHONE: Овие видови мобилни ги користат Гејтс, Закерберг, Бафет и Безос

ПОЗНАТИОТ ГОТВАЧ ЏЕЈМИ ОЛИВЕР ОТВОРИ РЕСТОРАН ВО НАШЕТО СОСЕДСТВО - еве каде точно се наоѓа и какви се цените

ПОЗНАТИОТ ГОТВАЧ ЏЕЈМИ ОЛИВЕР ОТВОРИ РЕСТОРАН ВО НАШЕТО СОСЕДСТВО - еве каде точно се наоѓа и какви се цените

ПЛАТЕНИ СЕ 45 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА 27 АКЦИИ НА „РЕПЛЕК“ - кој е инвеститорот во фармацевтската компанија

ПЛАТЕНИ СЕ 45 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА 27 АКЦИИ НА „РЕПЛЕК“ - кој е инвеститорот во фармацевтската компанија

Од 1 април зголемена минимална плата во Грција

Од 1 април зголемена минимална плата во Грција

ДУИ со експанзија во угостителството

ДУИ со експанзија во угостителството

ПРОДАЖБАТА НА ВИНО ДОНЕСЕ ПРИХОДИ ОД 950 ИЛЈАДИ ЕВРА, НО ОВА НЕ БЕА ЛЕСНИ ДЕНОВИ ЗА „ПОПОВА КУЛА“ - скапа струја и шишиња, недостиг од работници...

ПРОДАЖБАТА НА ВИНО ДОНЕСЕ ПРИХОДИ ОД 950 ИЛЈАДИ ЕВРА, НО ОВА НЕ БЕА ЛЕСНИ ДЕНОВИ ЗА „ПОПОВА КУЛА“ - скапа струја и шишиња, недостиг од работници...

КИНЕЗИТЕ ДОБИВААТ УШТЕ ДВЕ ГОДИНИ РОК ЗА ИЗГРАДБА НА АВТОПАТОТ КОН ОХРИД: измените на законот пред пратениците, кој ќе го гласа?

КИНЕЗИТЕ ДОБИВААТ УШТЕ ДВЕ ГОДИНИ РОК ЗА ИЗГРАДБА НА АВТОПАТОТ КОН ОХРИД: измените на законот пред пратениците, кој ќе го гласа?