Во Македонија се потврдени 119.828 случаи на ковид
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 22 Март, 2021
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во Македонија од почетокот на епидемијата изнесува 119.828, објави денеска Министерството за здравство.
Бројката на оздравени пациенти е 101.474, на починати е 3.503, а бројот на активни случаи изнесува 14.851. Досега во земјата се направени вкупно 591.958 тестирања на Ковид-19. Во главниот град има 7.604 активни случаи на коронавирусот.
Коронавирусот брзо се шири и во малите градови во внатрешноста. Во Општина Демир Капија има дури 72 активни случаи на коронавирусот.
Најмалку, само 3 има во Македонска Каменица, Дојран 9 и Пехчево 12 активни случаи на ковид - 19.foto freepik