29 Март, 2024
0.0274

Во АЕК за 20 отсто повеќе пари за плати

Објавено во: Економија 14 Јануари, 2019

Добивај вести на Viber

Во Агенцијата за електронски комуникации ќе има за 20 отсто повеќе пари за вкалкулирани плати во 2019-та, според финансискиот план за оваа година на оваа јавна институција која првенствено се занимава со следење на мрежното покривање и сигналите.

Проекцијата е направено во ситуација кога за оваа година е предвиден вкупен буџет на АЕК од 478 милиони денари, односно 123 милиони помалку од она што било планирано да се потроши лани.

Средствата за нето-платите би се зголемиле на вкупно 109,6 милиони денари, персонаниот данок на доход на 10 милиони, пензиско-инвалидското осигурување на 28,6 милиони, а здравствените на 11,7. Овдека се вклучени трошоците само за вработените во редовен работен однос, односно не оние средства кои се предвидени за интелектуални и комунални услуги.

Во извештајот се вели дека ваквата проекција се должи на систематизацијата на работниците по работните места и правилникот за плати и надоместоци како и на предвидувањето дека ќе се отворат нови работни места. 

- Во пресметката се вкалкулирани ефектите од ангажираност на работниците во секторите во кои ја извршуваат својата работна задача - се вели во истиот.

Според проекцијата, платите годинава треба да бидат најголем расход, за разлика од лани кога тоа требало да бидат капиталните инвестици. Тука, пред се, се мисли на на антенскиотс толб кој се гради на Водно. За оваа инвестиција лани биле планирани околу 240 милиони денари за изградба и надзор, но за тековната се предвидени само околу 14 милиони што е потврда дека доизградбата на истата засега ќе стагнира. Од она што може да се забележи е дека за 2019-та се планирани многу повеќе пари за издатокот опрема - 110 милиони денари, пред се за информатичка технологија.

Главен ангажман на АЕК за 2019-та ќе биде да обезбеди достапен интернет во најизолираните места во земјата каде што универзалните снабдувачи инаку не гледаат економска исплатливост за тоа, контрола на растот на цените на големопродажните услуги на операторите да биде врз основа на оправдани трошоци, одобрување на претплатничките договори и иницијативи за поевтин роаминг во регионот.

А.К.

Можеби ќе ве интересира

ПОЗНАТИОТ ГОТВАЧ ЏЕЈМИ ОЛИВЕР ОТВОРИ РЕСТОРАН ВО НАШЕТО СОСЕДСТВО - еве каде точно се наоѓа и какви се цените

ПОЗНАТИОТ ГОТВАЧ ЏЕЈМИ ОЛИВЕР ОТВОРИ РЕСТОРАН ВО НАШЕТО СОСЕДСТВО - еве каде точно се наоѓа и какви се цените

ПЛАТЕНИ СЕ 45 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА 27 АКЦИИ НА „РЕПЛЕК“ - кој е инвеститорот во фармацевтската компанија

ПЛАТЕНИ СЕ 45 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА 27 АКЦИИ НА „РЕПЛЕК“ - кој е инвеститорот во фармацевтската компанија

Од 1 април зголемена минимална плата во Грција

Од 1 април зголемена минимална плата во Грција

ДУИ со експанзија во угостителството

ДУИ со експанзија во угостителството

ПРОДАЖБАТА НА ВИНО ДОНЕСЕ ПРИХОДИ ОД 950 ИЛЈАДИ ЕВРА, НО ОВА НЕ БЕА ЛЕСНИ ДЕНОВИ ЗА „ПОПОВА КУЛА“ - скапа струја и шишиња, недостиг од работници...

ПРОДАЖБАТА НА ВИНО ДОНЕСЕ ПРИХОДИ ОД 950 ИЛЈАДИ ЕВРА, НО ОВА НЕ БЕА ЛЕСНИ ДЕНОВИ ЗА „ПОПОВА КУЛА“ - скапа струја и шишиња, недостиг од работници...

КИНЕЗИТЕ ДОБИВААТ УШТЕ ДВЕ ГОДИНИ РОК ЗА ИЗГРАДБА НА АВТОПАТОТ КОН ОХРИД: измените на законот пред пратениците, кој ќе го гласа?

КИНЕЗИТЕ ДОБИВААТ УШТЕ ДВЕ ГОДИНИ РОК ЗА ИЗГРАДБА НА АВТОПАТОТ КОН ОХРИД: измените на законот пред пратениците, кој ќе го гласа?

Во што „Стопанска банка Скопје“ вложи 40 милиони евра? Се спрема кредитна офанзива!

Во што „Стопанска банка Скопје“ вложи 40 милиони евра? Се спрема кредитна офанзива!

БРИТАНЦИТЕ ПЛАТИЛЕ ОДЛИЧНО ЗА НИВНИТЕ СВЕЧЕНИ ОДЕЖДИ, АМА „ЕДИНСТВО“ СЕПАК ОТИДЕ ВО МИНУС - еве што е маката на струмичкото претпријатие

БРИТАНЦИТЕ ПЛАТИЛЕ ОДЛИЧНО ЗА НИВНИТЕ СВЕЧЕНИ ОДЕЖДИ, АМА „ЕДИНСТВО“ СЕПАК ОТИДЕ ВО МИНУС - еве што е маката на струмичкото претпријатие

Фокус во Кина: Европските претпријатија гледаат на можностите за инвестирање во кинескиот Хубеи

Фокус во Кина: Европските претпријатија гледаат на можностите за инвестирање во кинескиот Хубеи