Во Анталија две села целосно изгореа во пожар
Објавено во: Балкан 28 Јули, 2021
Две села изгореле во пожар во Анталија во Турција, а луѓето се евакуирани. Пожарот избувнал на четири различни локации во градот Сиде во близина на Анталија околу 12 часот, и брзо се проширил поради ветерот.
Како што јавуваат локалните медиуми, во некои хотели наводно нема струја и вода. Сè уште нема информации за жртви, пишува Hurriet Daily News.
Повеќе од 400 пожарникари се вклучени во гаснењето на огнот. Ангажирани се авион, 19 хеликоптери и повеќе од 100 возила.Страотен пожар имаше и во Грција, каде во близина на Атина изгореа куќи, гаражи и борова шума.
Турција пак неодамна имаше и поплави, во кои имаше штети и жртви.