Во близина на грчки остров се урна хеликоптер
Објавено во: Балкан 20 Август, 2019
Се урна хеликоптер во Грција.
Хеликоптерoт, кој најверојатно е приватен, од засега непознати причини, попладнево се урна во близина на грчкиот остров Порос, jави дописничката на МИА од Атина.
Не е познато колку лица се превезувале во хеликоптерот, а во тек е акција на крајбрежната служба на Грција.
Хеликоптерот најверојатно удрил во кабли и паднал во морскиот дел на островот Порос, на 58 километри јужно од атинското пристаниште Пиреас.