ВО ЧЕСТ НА СРПСКО-РУСКОТО ПРИЈАТЕЛСТВО: Дачиќ со уникатен подарок за Лавров
Објавено во: Балкан 22 Септември, 2018
Српскиот шеф на дипломатијата Ивица Дачиќ, со одличен гест докажа дека Русија е пријател на Србија.
На Твитер се појави фотографија на која тој му дава порадок на рускиот колега, Сергеј Лавров, а се работи за вино од винаријата „Три Oраха”, кое на себе има испишано посвета на руски јазик.
Русија го поддржува дијалогот помеѓу Косово и Србија, со неопходност да се почитуваат правилата на “Резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на Обединетите нации”, изјави вчера во Бања Лука рускиот шеф на дипломатијата Сергеј Лавров, после средбата со српскиот колега Ивица Дачиќ.
Двајцата министри заклучиле дека успешно и одржливо заклучување на дијалогот помеѓу Белград и Приштина ќе ја зацврсти стабилноста во регионот.
Во последно време политичарите си подаруваат многу необични работи, па така неодамна и турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган доби од Катарците на подарок луксузен авион.