26 Април, 2024
0.4934

ВО ДАВОС ЗАМИНУВААТ ГРЕТА И ТРАМП: Ќе има ли македонски претставници на форумот?

Објавено во: Македонија 18 Јануари, 2020

Добивај вести на Viber

Повеќе од 100 милијардери ќе пристигнат во Швајцарија следната недела на годишниот состанок на Светскиот економски форум во Давос.

Тие ќе им се придружат на банкарите и политичарите.  Од владината прес служба велат дека во Давос ќе замине министерот за надворешни работи, Никола Димитров, кој ќе учествува на панел за Западен Балкан, а ќе има најверојатно и билатерални средби. 

Светскиот економски форум годинива одбележува 50-годишен јубилеј. Ќе се зборува за светската економска и политичка елита, за кампањата за „спас на планетата“ и светските кризи. 

Ќе присуствуваат активистката Грета Тунберг, но и американскиот претседател Доналд Трамп. Тој во Давос се враќа по 2018 година, а своето обраќање треба да го одржи токму на денот кога американските сенатори ќе ја отворат постапката за негово отповикување од должноста.

Во Давос, претходните години учествуваше екс премиерот, Зоран Заев. Таму тој имаше средби со екс грчкиот премиер, Алексис Ципрас, со кого разговараа за името, но и со Јенс Столтенберг од НАТО и поранешениот еврокомесар Јоханес Хан. Лани во Давос, Заев имаше средба и со филантропот и финансиер Џорџ Сорос, основач на Фондациите Отворено општество (ФОО) и со Патрик Гаспар, претседател на ФОО. 

Екс премиерот Никола Груевски во 2009 година учествуваше на „Летен Давос“ во Кина. Тој ја преводеше делегацијата на овој светски деловен настан. 

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се сумираат резултатите од изборите, Силјановска со голема разлика пред Пендаровски

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се сумираат резултатите од изборите, Силјановска со голема разлика пред Пендаровски

ХАЈРЕДИНИ: Што ќе се случи ако Македонците се обединат?

ХАЈРЕДИНИ: Што ќе се случи ако Македонците се обединат?

МИЦКОСКИ: Мобилизацијата на граѓаните ќе биде одговор на евентуален бојкот на СДСМ и на ДУИ на вториот круг

МИЦКОСКИ: Мобилизацијата на граѓаните ќе биде одговор на евентуален бојкот на СДСМ и на ДУИ на вториот круг

ДИК: Tечат роковите од 48 часа за приговори, на трите места во Куманово нема да се прегласува

ДИК: Tечат роковите од 48 часа за приговори, на трите места во Куманово нема да се прегласува

МЕТА: Победата на Силјановска-Давкова ќе биде уште поголема во вториот круг

МЕТА: Победата на Силјановска-Давкова ќе биде уште поголема во вториот круг

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Што пишуваат за првиот круг од претседателските избори во Македонија?

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Што пишуваат за првиот круг од претседателските избори во Македонија?

(ВИДЕО) ГРУБИ СО КУФЕР ДОЈДЕ ПРЕД ОПШТИНА ЧАИР: Сега земете го куферот и одете дома

(ВИДЕО) ГРУБИ СО КУФЕР ДОЈДЕ ПРЕД ОПШТИНА ЧАИР: Сега земете го куферот и одете дома

ЕВЕ ВО КОЈА ОПШТИНА ВАНКОВСКА ГО ПРЕТРКА МАКСИМ, А КОЈ ЕЗЕРСКИ ГРАД СЕ ОПРЕДЕЛИ НАЈСИЛНО ЗА ДАВКОВА - гласање во најголемите места во внатрешноста

ЕВЕ ВО КОЈА ОПШТИНА ВАНКОВСКА ГО ПРЕТРКА МАКСИМ, А КОЈ ЕЗЕРСКИ ГРАД СЕ ОПРЕДЕЛИ НАЈСИЛНО ЗА ДАВКОВА - гласање во најголемите места во внатрешноста

Скендер Реџепи: На 8 мај нема да гласам ни за едниот, ни за другиот

Скендер Реџепи: На 8 мај нема да гласам ни за едниот, ни за другиот