Добивај вести на Viber
Во пожар во дом за стари лица во селото Ројак, во близина на Провадија во североисточна Бугарија загинаа девет луѓе, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Дописникот на МИА од Софија, јави дека пожарот го преживеале 48 луѓе, кои се евакуирани. Луѓето ќе бидат превезени со училишни автобуси до општинскиот хотел во село Аспарухово. На местото веднаш се испратени пет противпожарни возила и спасувачки екипи. Првичните податоци говорат дека пожарот избувнал од покривната конструкција на зградата и го зафатил третиот кат.
фото БГНЕС