27 Септември, 2024
0.0865

ВО ДРУГИТЕ МЕТРОПОЛИ НЕМА ЛИКОВИ НА КОИ МЕДОТ ИМ Е ПОВАЖЕН ОД ГРАЃАНИТЕ: Град Скопје со реакција за еко-автобусите

Објавено во: Македонија 30 Март, 2023

Добивај вести на Viber

Изразуваме жалење што советниците од советничките групи на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ во Советот на Градот Скопје повторно решија да ги задоволат партиските лидери наместо скопјани.

На денешната седница на Советот наместо да надвладее разумот, надвладеа суетата на двете најголеми политички партии во Македонија, кои здружено решија да работат на штета на граѓаните на Скопје.

Сметаме дека  е крајно лицемерно советниците кои граѓаните ги плаќаат со 500 евра месечно, да не покажат апсолутно никаква грижа за истите тие граѓани.

Скопје има потреба од нови еко-автобуси заради намалување на аерозагадувањето и подобрување на услугите во јавниот транспорт. Сите балкански и европски метрополи континуирано го обновуваат возниот парк, но таму нема ликови на кои медот им е поважен од благосостојбата на граѓаните.

Градот Скопје им даде можност на советниците сами да ги изберат условите за кредитирање на проектот и спецификациите за набавка на автобусите, со цел што побрза реализација на суштински проект од програмата "За Модерно Скопје", за жал, партиите продолжуваат со нивното деструктивно однесување.

Благодарност до советниците и советничките групи кои ја препознаа важноста и гласаа за реализација на ваквиот проект. Градот Скопје нема да дозволи група партиски послушници да спречат скопјани да живеат подобро и поквалитетно.

Граѓаните се свесни кој работи во нивен интерес, а на кој најважен му е "лидерот". Со деструктивно работење си штетат само себеси и на скопјани кои ќе го казнат таквото однесување.


Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Мицкоски да го праша Орбан зошто унгарскиот амбасадор гласал за одвојување на Македонија и Албанија

СДСМ: Мицкоски да го праша Орбан зошто унгарскиот амбасадор гласал за одвојување на Македонија и Албанија

(ФОТО) ГОРИ СТРНИШТЕ: Чад кај Миладиновци

(ФОТО) ГОРИ СТРНИШТЕ: Чад кај Миладиновци

ГО ОДБИЈА ОРБАН: Бугарите не сакаат посредници за односите со Македонија

ГО ОДБИЈА ОРБАН: Бугарите не сакаат посредници за односите со Македонија

MAКСИМ НА СРЕДБА СО РУСКИОТ АМБАСАДОР: Во кумановските училишта ќе се учи рускиот јазик

MAКСИМ НА СРЕДБА СО РУСКИОТ АМБАСАДОР: Во кумановските училишта ќе се учи рускиот јазик

БУГАРСКИ НОВИНАРИ И АНАЛИТИЧАРИ: Во Македонија се очекува јасен став од албанските партии, го споменаа и Орбан

БУГАРСКИ НОВИНАРИ И АНАЛИТИЧАРИ: Во Македонија се очекува јасен став од албанските партии, го споменаа и Орбан

РАДЕВ ЗА КОЧНИЦАТА ЗА МАКЕДОНИЈА: Tоа се логични последици од она што се случува во Скопје и Тирана

РАДЕВ ЗА КОЧНИЦАТА ЗА МАКЕДОНИЈА: Tоа се логични последици од она што се случува во Скопје и Тирана

„Заев и Филипче лажеа дека Македонија ги почнала преговорите“: Митева од ВМРО вели „само СДС и ДУИ се апстрахираат од одговорност“

„Заев и Филипче лажеа дека Македонија ги почнала преговорите“: Митева од ВМРО вели „само СДС и ДУИ се апстрахираат од одговорност“

СОСТОЈБАТА СО ПРЕВЕНТИВНИТЕ ПРЕГЛЕДИ: Колку граѓаните ги користат овие здравствени услуги во Македонија?

СОСТОЈБАТА СО ПРЕВЕНТИВНИТЕ ПРЕГЛЕДИ: Колку граѓаните ги користат овие здравствени услуги во Македонија?

Орбан: Заемот за Македонија не е кинески кредит, не смееме да даваме кинески пари на други

Орбан: Заемот за Македонија не е кинески кредит, не смееме да даваме кинески пари на други