Во двор на црква во Кавадарци се најдени осумдесетина куршуми
Објавено во: Македонија 21 Ноември, 2019
Во дворот на црквата „Свети Димитрија“ во Кавадарци се најдени куршуми.
Осумдесетина кородирани куршуми се пронајдени во дворот на црквата, потврдија за МИА од МВР.
Во Полициската станица Кавадарци денеска во 8.30 часот е пријавено дека во кругот на црквата, при извршување градежни работи, се најдени кородирани куршуми калибар 7,9 милиметри.
Тие се предадени на Дирекцијата за заштита и спасување – Кавадарци.