19 Април, 2024
0.0275

Темпирана бомба од илјадници тони токсичен и канцероген отпад во ОХИС

Објавено во: Македонија 13 Февруари, 2018

Добивај вести на Viber

Во дворот на фабриката ОХИС во Скопје се наоѓа депонија каде се депонирани илјадници тони токсичен и канцероген отпад кој што е голем загадувач на почвата, подземните води и воздухот .
Според истражувањата на професорот по хемија Трајче Стафилов,  околу 10% од нив отпаѓаат на пестицидот Линдан, кој беше еден од  хит производите на ОХИС, особено за извоз, но чие производство Европа го забрани во 2009-та затоа што е канцероген. Останатите 90% од отпадот се суптанци кои се сметаат за „потенцијално канцерогени“

„Смртоносните токсични супстанци во ОХИС се сметаат за најжестока еколошка точка во Македонија.“ –  вели професорот  Стафилов.

Тоа што денес  се затрупани со земја воопшто не може да се смета за ефективна заштита. Напротив, земјата се контаминирала од отровите и така се создала уште поголема маса од четириесет илјади тони опасни супстанци кои со децении се оставени на отворено. Со текот на времето бетонските базени распукале, па со линдан се контаминирале и подземните води. 

Освен со линдан и нуспродуктите од неговото производство, ОХИС ја контаминирал средината и со жива.

 „Значи, пет, шест пати повеќе жива имаме во подземните води од максимално дозволените.“, вели професорот Стафилов.


Државата е запознаена со проблемот, а првичните показатели од тестирањата биле изненадувачки и загрижувачки. Испитувањето на присуството на токсини во крвта кај 56 девојчиња, на неполни осум години, кај кои настапил предвремен развој на млечни жлезди, како вовед во пубертет, покажало присуство на линдан кај 10 отсто од тестираните деца. Девојчињата биле од различни делови на Македонија, а најмногу 40 од нив биле од Скопје. Студијата е направена во 2007-ма и во неа се констатира дека покачените нивоа на Линдан кај оваа популација треба дополнително да се испитаат. Овие резултати се споменуваат и во брошурата за ОХИС која министерството за животна средина ја испечатило во 2014-та:

„Како неочекуван наод од студијата беа високите концентрации линдан во крвта на испитаниците, дури и во контролната група. Тоа беше причина за преземање на конкретни активности за конечно наоѓање решение за историските загадувања со линдан… во земјата.“, пишува во брошурата.

За како да се реагира на овој проблем и  да се деконтаминира целиот простор, допрва ќе се бара помош од странски фондови за отпочнување студии. Иако тоа е бавен и скап процес, стручната јавност е децидна – доколку не се почне веднаш, под атмосферските влијанија отровите ќе се разнесат уште повеќе.

Можеби ќе ве интересира

БОШЊАЦИТЕ МУ ПОДНЕСОА КРИВИЧНА НА СТОИЉКОВИЌ: Велат го исмевал и негирал геноцидот во Сребреница

БОШЊАЦИТЕ МУ ПОДНЕСОА КРИВИЧНА НА СТОИЉКОВИЌ: Велат го исмевал и негирал геноцидот во Сребреница

ОСМАНИ ОСТАНУВА НА СВОЈОТ СТАВ: Владата ќе одлучи за иднината на Отворен Балкан

ОСМАНИ ОСТАНУВА НА СВОЈОТ СТАВ: Владата ќе одлучи за иднината на Отворен Балкан

ГРЕШКА СО ЗНАМИЊАТА: Македонската армија се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд

ГРЕШКА СО ЗНАМИЊАТА: Македонската армија се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд

АПАСИЕВ ЗА ИЗЈАВАТА НА МИЦКОСКИ: Не верувај им на ДПМНЕјците, дури и кога ти носат подароци

АПАСИЕВ ЗА ИЗЈАВАТА НА МИЦКОСКИ: Не верувај им на ДПМНЕјците, дури и кога ти носат подароци

Директорот на „Стрежево“ купил 4,5 пати поскап ратрак на старо

Директорот на „Стрежево“ купил 4,5 пати поскап ратрак на старо

ДАВКОВА ИЛИ ПЕНДАРОВСКИ, ТАРАВАРИ ИЛИ ОСМАНИ, ВМРО-ДПМНЕ ИЛИ СДСМ - еве кој води на најновата анкета на ЦРПЦ

ДАВКОВА ИЛИ ПЕНДАРОВСКИ, ТАРАВАРИ ИЛИ ОСМАНИ, ВМРО-ДПМНЕ ИЛИ СДСМ - еве кој води на најновата анкета на ЦРПЦ

Боки 13: Да се расчисти случајот „Рекет“ и да се каже каде се парите

Боки 13: Да се расчисти случајот „Рекет“ и да се каже каде се парите

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

ДИРЕКТОРОТ НА ЈП „СТРЕЖЕВО“ ЗАРАБОТИ КРИВИЧНА ПРИЈАВА: И покрај тоа што имале ратрак, тој повторно спровел постапка за набавка на уште еден

ДИРЕКТОРОТ НА ЈП „СТРЕЖЕВО“ ЗАРАБОТИ КРИВИЧНА ПРИЈАВА: И покрај тоа што имале ратрак, тој повторно спровел постапка за набавка на уште еден