16 Април, 2024
0.0251

Во ек на криза, работниците во Македонија до крајот на годината треба да добијат највисок К-15 до сега

Објавено во: Економија 24 Ноември, 2020

Добивај вести на Viber

Најниската сума што компаниите оваа година треба да им ја исплатата на своите вработени како регрес за годишен одмор се искачи на 10.956 денари. Растот на К-15 го предизвика зголемувањето на просечната нето плата во државата и покрај кризата предизвикана од ковид-19.

Во ек на најголемата економска криза во изминатата деценија, просечната плата во Македонија во однос на лани е зголемена за скоро 8 проценти, односно за околу 2000 денари. Според Државниот завод за статистика, просечната плата во септември годинава била 27.405 денари, додека во истиот месец минатата година била 25.435 денари.

Вработените во приватниот сектор до крајот на оваа година треба да ја добијат исплатата која секоја година се утврдува во зависност од вистината на просечната нето и бруто плата по вработен во последните три месеци пред датумот на исплата. Минималниот износ се пресметува како најмалку 40 проценти од висината на просечната нето плата, а максималниот до 40 проценти од висината на просечната бруто плата.

Условот е вработените во приватниот сектор да бидат вработени најмалку шест месеци во тековната година кај ист работодавач. Според последните податоци за платите на Државниот завод за статистика, регресот за 2020 година треба работодавачите да го исплаќаат помеѓу 10.956 и 16.349 денари. Крајниот рок да го направат тоа е 31 декември 2020 година. Фирмите кои нема да го исплатат регресот ризикуваат да бидат казнети.

Правните субјекти кои оваа година нема да остварат добивка нема да треба да исплатат К-15 на своите вработени, но оние кои ќе остварат добивка, согласно закон и колективен договор треба да исплатат К-15 и други издатоци, вели премиерот Зоран Заев, апелирајќи и до оние кои нема да остварат добивка, но имаат финансиска моќ да го сторат тоа.

– Законите и колективните договори се јасни и треба да се почитуваат до крај, а тие даваат бафер каде може флексибилно да се дејствува во делот на исплата на К-15. Оние правни субјекти кои нема да остварат добивка немаат обврска да исплатат К-15 и други издатоци. Таму каде ќе остварат добивка се должни да го почитуваат законот и колективниот договор. Така што голем дел од компаниите оваа година нема да покажат добивка и тоа на нас ни е јасно и затоа аконтациите на данок на добивка се одложуваат и таму согласно законот го имаат и баферот да не се исплати К-15. Но апелираме дури и оние фирми што оваа година нема да покажат добивка, а имаат финснсиски резервоари создадени од претходни години и финансиска моќ да исплатат К-15 заради тоа што тоа е поддршка кон нивните работници, поддршка на  граѓаните, а за економијата значи зголемена потрошувачка моќ, рече Заев одговорајќи на новинарско прашање на денешната прес-конференција.

Сојузот на синдикатите на Македонија, пак, остана на ставот дека регресот мора да се исплати затоа што тоа е обврска која работодавците сами си ја презеле со Општиот колективен договор.

Отпуштањето на работниците со ниски примања, но и зголемувањето на платите во здравството, образованието и културата доведоа со зголемување на просечната плата во државата за 2 илјади денари, иако македонската економија доживува пад.




Можеби ќе ве интересира

ММФ: Maкедонија годинава ќе има економски раст од 2,7 отсто

ММФ: Maкедонија годинава ќе има економски раст од 2,7 отсто

ВРАБОТЕНИТЕ ВО ПОШТИ СЕ ЗАКАНИЈА СО ШТРАЈК: Доведени се во прашање повеќе од 2.000 работни места

ВРАБОТЕНИТЕ ВО ПОШТИ СЕ ЗАКАНИЈА СО ШТРАЈК: Доведени се во прашање повеќе од 2.000 работни места

ПРЕКУВРЕМЕНА РАБОТА ВО ГЕРМАНИЈА - како се плаќа и оданочува, и колку прекувремени часови смеете да имате

ПРЕКУВРЕМЕНА РАБОТА ВО ГЕРМАНИЈА - како се плаќа и оданочува, и колку прекувремени часови смеете да имате

Economic Watch: Германскиот добавувач на автомобилски делови со доверба продолжува со инвестициите во Кина

Economic Watch: Германскиот добавувач на автомобилски делови со доверба продолжува со инвестициите во Кина

„КОГА ИЗЛЕГОВ ОД ‚ЗДРАВЈЕ РАДОВО' ИМАВ ВО ЏЕБ ДВА ДО ТРИ МИЛИОНИ ЕВРА“ - бизнисменот Јован Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор

„КОГА ИЗЛЕГОВ ОД ‚ЗДРАВЈЕ РАДОВО' ИМАВ ВО ЏЕБ ДВА ДО ТРИ МИЛИОНИ ЕВРА“ - бизнисменот Јован Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор

ОВА ПРАШАЊЕ СОЗДАВА РАСКОЛ ВО ЕВРОПА: Кој е за, а кој против нуклеарната енергија?

ОВА ПРАШАЊЕ СОЗДАВА РАСКОЛ ВО ЕВРОПА: Кој е за, а кој против нуклеарната енергија?

Која транспортна фирма ќе ги израдува акционерите со 2,3 милиони евра дивиденда?

Која транспортна фирма ќе ги израдува акционерите со 2,3 милиони евра дивиденда?

ИНДИЈЦИ, НЕПАЛЦИ, ФИЛИПИНЦИ РАБОТАТ ВО ЗЕМJAВА: Дали газдите се задоволни од „увезената“ работна сила?

ИНДИЈЦИ, НЕПАЛЦИ, ФИЛИПИНЦИ РАБОТАТ ВО ЗЕМJAВА: Дали газдите се задоволни од „увезената“ работна сила?

ПУШТЕН ВО УПОТРЕБА: Колку ќе заработи првиот приватен ветерен парк во Македонија?

ПУШТЕН ВО УПОТРЕБА: Колку ќе заработи првиот приватен ветерен парк во Македонија?