25 Април, 2024
0.0309

Во Европската народна партија затворена вратата за партијата на Виктор Орбан

Објавено во: Свет 21 Март, 2019

Добивај вести на Viber

Европската народна партија вчера го суспендираше членството на унгарската партија Фидес. 

Ова го соопшти нејзиниот лидер Жозеф Дол.

Политичката организација на десниот центар, која е најголема групација во Европскиот парламент, се состана во Брисел за да го разгледа статусот на партијата на унгарскиот премиер, Виктор Орбан.

Огромно мнозинство од 190 гласови за, наспроти 3 гласа против го поддржале предлогот за суспензија на членството на Фидеш, кој веднаш стапува на сила.

Партијата на Орбан, претходно најави дека доколку биде усвоен предлогот за суспензија на Фидес од ЕПП, тие веднаш ќе се повлечат од членството во Европската народна партија.

Претходно имаше тензии меѓу Орбан и некои од неговите колеги во Европската народна партија. Орбан го обвинуваа за распалување омраза со анти-имиграционите кампањи, директно мешање во независноста на судството и непочитување на слободата на медиумите.

Орбан изјави дека доброволно се согласил привремено да го запре учеството на неговата партија Фидес во работата на Европската народна партија (ЕПП).

Орбан рекол дека собранието на овој главен сојуз на партиите од десниот центар во Европскиот парламент се согласиле да не ја исфрлат или суспендираат Фидес, туку да ѝ дозволат доброволно да не учествува во работата на ЕПП додека независната комисија не го заврши надзорот во врска со владеењето на правото во Унгарија, пренесува „Ројтерс“.

Можеби ќе ве интересира

ОВА СЕ ЧЕТИРИТЕ НАЈГОЛЕМИ УЛТРА ИНТИМНИ ВИП НАСТАНИ КАДЕ ОДАТ НАЈБОГАТИТЕ: Тука тешко е да присуствува обичен човек

ОВА СЕ ЧЕТИРИТЕ НАЈГОЛЕМИ УЛТРА ИНТИМНИ ВИП НАСТАНИ КАДЕ ОДАТ НАЈБОГАТИТЕ: Тука тешко е да присуствува обичен човек

КОЈ НАРОД Е НАЈМАЛКУ ЗАДОВОЛЕН ОД ЖИВОТОТ ВО ЕУ? Ќе се изненадите каде се Германците

КОЈ НАРОД Е НАЈМАЛКУ ЗАДОВОЛЕН ОД ЖИВОТОТ ВО ЕУ? Ќе се изненадите каде се Германците

БАЈДЕН ПОТПИША ПОТЕНЦИЈАЛНА ЗАБРАНА ЗА ТИКТОК - еве што ќе се случува понатаму

БАЈДЕН ПОТПИША ПОТЕНЦИЈАЛНА ЗАБРАНА ЗА ТИКТОК - еве што ќе се случува понатаму

УКРАИНА ДОБИВА ОРУЖЈЕ ДО КРАЈ НА ДЕНОТ! Бајден го потпиша законот, пристигнува рекордна помош за 3 држави!

УКРАИНА ДОБИВА ОРУЖЈЕ ДО КРАЈ НА ДЕНОТ! Бајден го потпиша законот, пристигнува рекордна помош за 3 држави!

НЕКОЛКУ ЛИЦА ПОВРЕДЕНИ ВО „ЧУДЕН“ ИНЦИДЕНТ ВО ЛОНДОН: Избегани армиски коњи трчаа низ центарот на Лондон (ВИДEО)

НЕКОЛКУ ЛИЦА ПОВРЕДЕНИ ВО „ЧУДЕН“ ИНЦИДЕНТ ВО ЛОНДОН: Избегани армиски коњи трчаа низ центарот на Лондон (ВИДEО)

(ВИДЕО) ГОРИ ВО РУСИЈА: Украина пак погоди рафинерија со дронови

(ВИДЕО) ГОРИ ВО РУСИЈА: Украина пак погоди рафинерија со дронови

ЗАГРИЖЕНИ СЕ ЗА КОНФЛИКТОТ ВО ГАЗА: Јамајка ја призна државата Палестина

ЗАГРИЖЕНИ СЕ ЗА КОНФЛИКТОТ ВО ГАЗА: Јамајка ја призна државата Палестина

ПОРАДИ КОРУПЦИЈА: Уапсен е рускиот заменик министер за одбрана Тимур Иванов

ПОРАДИ КОРУПЦИЈА: Уапсен е рускиот заменик министер за одбрана Тимур Иванов

ИРАН СЕ ЗАКАНИ НА ИЗРАЕЛ: Aко пак нападнат, не е јасно дали нешто ќе остане од Израел

ИРАН СЕ ЗАКАНИ НА ИЗРАЕЛ: Aко пак нападнат, не е јасно дали нешто ќе остане од Израел