29 Март, 2024
0.0249

ВО ФИЛИП МОРИС ОТВОРЕНИ 50 НОВИ РАБОТНИ МЕСТА - од Центарот во Скопје ќе се покриваат и четири други соседни земји

Објавено во: Економија 23 Септември, 2021

Добивај вести на Viber

Премиерот Зоран Заев и вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи, присуствуваа на отворањето на 50 нови работни места како резултат на иницијативата на „Филип Морис Тутунски Комбинат Прилеп“ (ФМТКП) за реалокација на центарот за корисничка поддршка од Атина во Скопје. Центарот започна со работа во Скопје и оттука ќе се води грижа за корисниците на новите иновативни производи на компанијата во Северна Македонија, но и на четири други земји во регионот, Албанија, Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора.

Филијалата на контакт центарот за корисничка поддршка во Скопје е дел од светскиот гигант „Teleperformance“ кој има преку 380 илјади вработени ширум светот кои покриваат 83 земји. Премиерот Зоран Заев истакна дека оваа инвестиција покажува дека владините стимулативни политики за компаниите даваат конкретни резултати.

„Ги повикувам и охрабрувам компаниите да продолжат да инвестираат, а ние како Влада ќе останеме посветени кон развојот на бизнис климата во земјата. Глобалните компании како ‚Филип Морис Интернешнл' вложуваат во иновации и развој, отвораат нови можности за младите да работат во средина карактеристична за големите светски реномирани компании. Тоа значи и можност за професионален напредок по меѓународни стандарди. Денешната инвестиција на компанијата овозможи 50 млади луѓе да ја започнат својата кариера во меѓународна компанија каде младите ќе имаат можност за професионален напредок по меѓународни стандарди. Задржување на младите во земјава и развојот на компаниите во Северна Македонија е императив за економските политики кои ги спроведуваме. Вложуваме многу во овој сегмент и посебно сме горди кога сме на ваков настан да ги слушнеме резултатите, успесите и плановите за развој на приватниот сектор“, истакна Заев.
 
Иван Костиќ, генерален директор на ФМТКП истакна дека „Филип Морис Интернешнл “ влезе на македонскиот пазар во 2014 година преку стратешко партнерство со „Тутунски Комбинат Прилеп“.

„Поставивме заедно нови стандарди и успеавме да ја трансформираме тутунската индустрија во земјата. Од една страна „Тутунски Комбинат Прилеп“ постигнува одлични резултати што се однесува до производството на цигари, а од друга страна „Филип Морис“ во Македонија го комерцијализираше IQOS, иновативен уред кој го загрева, но не го согорува тутунот, а кој има потенцијал да ја трансформира целата тутунска индустрија и да обезбеди иднина без тутунски чад. Од таа причина, ми претставува голема чест и задоволство што сме денеска заедно на претставувањето на иницијативата на „Филип Морис“ за реалокација на регионалниот центар за корисничка поддршка на корисниците на IQOS од Атина во Скопје”, истакна Костиќ.

За значењето на инвестицијата зборуваше и Миxел Шмит, главен извршен директор на „Телеперформанс“ Германија задолжен за македонската филијала кој во своето обраќање наведе дека од 2020 година, Северна Македонија стана 77-ма земја во која отворивме свое претставништво. 

„Станува збор за ултра модерен центар за корисничка поддршка во Скопје во кој отворивме 300 работни места, за денес истата бројка да се прошири со дополнителни 50 нови вработени преку реалокација на центарот за грижа на корисници на „Филип Морис“ од „Телеперформанс“ Атина во Скопје.

Ги поддржуваме младите кои сакаат да работат во интернационална компанија во која ќе бидат инспирирани да учат, да растат и се развиваат. Нудиме одлични можности за работа, атрактивна плата и пријатна работна атмосфера со цел младите да останат да работат во државата. Просечната возраст на нашите вработени е 28 години од кои 50 отсто се жени, додека просечната плата е околу 700 евра што е над просечната плата во земјата“, додаде Шмит.

На настанот беа присутни и претседателот на Управниот одбор на „Тутунски Комбинат Прилеп“ Никола Џамбазовски, генералниот директор на „Тутунски Комбинат Прилеп“ Кире Станкоски, како и други претставници на „Телеперформанс“.

Можеби ќе ве интересира

ЗА ЕДНО ЕВРО РУЧЕК И ПРЕВОЗ: Oва е најевтината земја за живеење

ЗА ЕДНО ЕВРО РУЧЕК И ПРЕВОЗ: Oва е најевтината земја за живеење

МИЗО ПОТВРДИ ДЕКА ЗА ОВА РАЗГОВАРАЛЕ СО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ: Македонија треба да се адаптира на глобалниот минимален данок на добивка од 15 oтсто

МИЗО ПОТВРДИ ДЕКА ЗА ОВА РАЗГОВАРАЛЕ СО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ: Македонија треба да се адаптира на глобалниот минимален данок на добивка од 15 oтсто

ПЧЕНИЦАТА ПОЕВТИНИ: Цената на златото и нафтата скокнаа

ПЧЕНИЦАТА ПОЕВТИНИ: Цената на златото и нафтата скокнаа

БИТИЌИ Е ОПТИМИСТ: Вели дека со влезот во ЕУ просечната плата ќе изнесува 1.300 евра

БИТИЌИ Е ОПТИМИСТ: Вели дека со влезот во ЕУ просечната плата ќе изнесува 1.300 евра

Новите газди го вратија стариот сјај! Како „Скопски пазар“ ќе направи над 10 милиони евра приходи?

Новите газди го вратија стариот сјај! Како „Скопски пазар“ ќе направи над 10 милиони евра приходи?

ВЛЕГЛЕ ВО КАНЦЕЛАРИЈАТА НА GOOGLE ВРЕДНА ДВЕ МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ - „баш е таква каква што ја замислувавме, право одморалиште“

ВЛЕГЛЕ ВО КАНЦЕЛАРИЈАТА НА GOOGLE ВРЕДНА ДВЕ МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ - „баш е таква каква што ја замислувавме, право одморалиште“

ЦЕНТРАЛНОЕВРОПСКИ ДОГОВОР ЗА СЛОБОДНА ТРГОВИЈА - ДОПОЛНИТЕЛЕН ПРОТОКОЛ 6 - еве кои се предностите

ЦЕНТРАЛНОЕВРОПСКИ ДОГОВОР ЗА СЛОБОДНА ТРГОВИЈА - ДОПОЛНИТЕЛЕН ПРОТОКОЛ 6 - еве кои се предностите

Битиќи: Во 2025 работна недела од 7 часа дневно во одредени сектори

Битиќи: Во 2025 работна недела од 7 часа дневно во одредени сектори

МАКЕДОНСКИТЕ ЧОКОЛАДИ САМО МАЛКУ ПОВКУСНИ ЗА СТРАНЦИТЕ - како „Европа“ профитираше со 600 илјади евра и дали е тоа добар резултат

МАКЕДОНСКИТЕ ЧОКОЛАДИ САМО МАЛКУ ПОВКУСНИ ЗА СТРАНЦИТЕ - како „Европа“ профитираше со 600 илјади евра и дали е тоа добар резултат