18 Април, 2024
0.0280

ВО ГЕРМАНИЈА 1.000 ЕВРА ОДАТ САМО НА ХРАНА: Србин ги открива трошоците на четиричлено иселеничко семејство (ВИДЕО)

Објавено во: Економија 28 Ноември, 2022

Добивај вести на Viber

Колку заработува и троши едно семејство кое со години живее во Германија? Како се снаоѓаат иселениците таму, ако се работи за четиричлено семејство, каде што работат и двајцата родители?

Јутјуберот Вуле одговори на овие прашања на својот канал „Vuletova svaštara“. Во своето последно видео, насловено „Плати и месечни трошоци на четиричлено семејство во Германија“, тој направи детална листа на приходите и расходите на просечното домаќинство.

-Ако мажот и жената работат, заработуваат 4.500 евра месечно. Зедов просек, секако има брачни парови кои заработуваат повеќе. Ако се на повисоко место, во јака компанија, како што е Бош и слични, па потоа работат ноќни смени... тогаш имаат 5 и пол илјади. Но, има и такви што заработуваат помалку, така што ова е добар просек - вели Вуле и напоменува дека оваа плата е за помалку квалификувани луѓе, кои имаат занает и работат во индустријата, а од кои има најмногу. Тој не вклучи инженери и, на пример, ИТ експерти.

Детскиот додаток за две деца е 440 евра, објаснува Вуле, така што приходите на просечното домаќинство се вкупно 4.940 евра.

Што се однесува до трошоците, киријата за четирисобен стан е 1.200 евра, комуналиите се најмалку 250 евра месечно. Струја се плаќа посебно, 150 евра месечно.

- За храна ни требаат илјада евра месечно, верувајте под тоа не може да оди. Во денешно време, особено кога цените скокнаа за 50 проценти - објаснува Вуле.

Потоа, 50 евра месечно плаќате за телевизија, интернет и телефон, додека претплатата за мобилен телефон е 100 евра. Истата сума треба да се одвои и за автомобилско осигурување кое во Германија се плаќа по 50 евра месечно. Затоа, Вуле смета дека секое семејство во Германија има по два автомобили.

Очигледно, автомобилот е многу скап за одржување во Германија. Како што објаснува Вуле, за него треба да се одвојат уште 500 евра месечно, бидејќи бил земен на кредит. Кога автомобилот ќе застари, се купува нов и подобар, па тој трошок се префрла. Дури и децата кои се полнолетни треба да купат возило, па кога се‘ ќе се собере се доаѓа до споменатата сума.


За одмор - треба да заштедите

Во останатите трошоци Вуле ги вклучи и детските родендени, задолжителната забава и слични прослави, џепарлакот за децата, сервисот за автомобили (пак), плус бензините за колите - сето тоа изнесува вкупно 350 евра месечно. За одмор треба да издвоите 6.000 евра годишно, а месечно 500 евра.

 - Треба да се штеди секој месец за да се потроши за годишниот одмор - вели Вуле. За различни осигурувања, вклучително и животно, треба да се издвојат 235 евра. Вуле напомена дека во Србија на почетокот на деведесетите му биле украдени два автомобила кои му биле вратени благодарение на осигурувањето на автомобилот. Кога се‘ ќе се собере, според сметката на Вуле, вкупните месечни трошоци се 4.785 евра, што значи дека на крајот на месецот остануваат околу 250 евра.

За удобна старост, мора да работите напорно

Вуле истакна дека пушачите имаат значителен дополнителен трошок, бидејќи една кутија цигари во Германија чини дури 8 евра, така што месечниот трошок е 240 евра, односно 480, ако има двајца пушачи во куќата.

Значи, тогаш домаќинството е во минус, ако се земе во предвид просекот на трошоци и заработка на Вуле, па мора да барате дополнителна работа. Две плати се доволни за солиден живот, а доколку семејството сака да штеди неминовно е дополнително вработување. Не е лесно, но сето тоа има свои предности, забележува Вуле.

- На крајот стигнуваме до пензија, која треба да биде доста добра, а постои можност и за продажба на станот, како и парите вложени во животно осигурување - заклучи Вуле.


Фото и Видео: Youtube

Извор: блиц

Можеби ќе ве интересира

НИШТО ОД НАМАЛУВАЊЕТО НА КАМАТИТЕ? Еве кои се причините

НИШТО ОД НАМАЛУВАЊЕТО НА КАМАТИТЕ? Еве кои се причините

ГОЛЕМ СКАНДАЛ ГО ТРЕСЕ ПОЗНАТИОТ ГИГАНТ! Истражувањата откриле повеќе шеќер и млеко во храната за бебиња испратена во сиромашните земји

ГОЛЕМ СКАНДАЛ ГО ТРЕСЕ ПОЗНАТИОТ ГИГАНТ! Истражувањата откриле повеќе шеќер и млеко во храната за бебиња испратена во сиромашните земји

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА НАДЗОРНИОТ ОДБОР НА „МАКПЕТРОЛ“ КУПИЛ 14 АКЦИИ - еве колку е платен акционерскиот пакет

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА НАДЗОРНИОТ ОДБОР НА „МАКПЕТРОЛ“ КУПИЛ 14 АКЦИИ - еве колку е платен акционерскиот пакет

ДИРЕКТОР НА СКОПСКА ФИРМА ПОДНЕСЕ НЕОТПОВИКЛИВА ОСТАВКА ПО ГОДИНА И ПОЛОВИНА МЕНАЏИРАЊЕ - промени во раководството на „РЖ Интертрансшпед“

ДИРЕКТОР НА СКОПСКА ФИРМА ПОДНЕСЕ НЕОТПОВИКЛИВА ОСТАВКА ПО ГОДИНА И ПОЛОВИНА МЕНАЏИРАЊЕ - промени во раководството на „РЖ Интертрансшпед“

ИМ ЗДОСАДИЛЕ ВИСОКИТЕ СМЕТКИ ЗА СТРУЈА, ПА РЕШИЛЕ САМИ ДА ПРОИЗВЕДУВААТ: Еве како изгледа енергетска заедница на група Грци

ИМ ЗДОСАДИЛЕ ВИСОКИТЕ СМЕТКИ ЗА СТРУЈА, ПА РЕШИЛЕ САМИ ДА ПРОИЗВЕДУВААТ: Еве како изгледа енергетска заедница на група Грци

КРАЈ НА „ПРАВИЛАТА НА САМО ЕДЕН ЧОВЕК“ - тајвански гигант го воведе системот на ротирачки директори

КРАЈ НА „ПРАВИЛАТА НА САМО ЕДЕН ЧОВЕК“ - тајвански гигант го воведе системот на ротирачки директори

ЗА ОВАА РАБОТА ВО ГЕРМАНИЈА, ПЛАТА ОД 2.500 ЕВРА - обезбедени сместување и храна, а ЕУ пасош не ви е потребен

ЗА ОВАА РАБОТА ВО ГЕРМАНИЈА, ПЛАТА ОД 2.500 ЕВРА - обезбедени сместување и храна, а ЕУ пасош не ви е потребен

ЛАНИ „ИЗМЕСИЈА“ ФАНТАСТИЧЕН ПРОФИТ, АМА СО НЕГО ЌЕ ПОКРИВААТ СТАРИ МИНУСИ - кои се акционерите што нема да добијат дивиденда од најголемиот производител на леб

ЛАНИ „ИЗМЕСИЈА“ ФАНТАСТИЧЕН ПРОФИТ, АМА СО НЕГО ЌЕ ПОКРИВААТ СТАРИ МИНУСИ - кои се акционерите што нема да добијат дивиденда од најголемиот производител на леб

НЕМА НАДЕЖ ЗА ПОДОБРИ ПЕРФОРМАНСИ: домашната економија се бори со „институционални кочници“, потребни се структурни реформи

НЕМА НАДЕЖ ЗА ПОДОБРИ ПЕРФОРМАНСИ: домашната економија се бори со „институционални кочници“, потребни се структурни реформи