20 Април, 2024
0.0439

Во Германија претепан пратеник-популист

Објавено во: Свет 08 Јануари, 2019

Добивај вести на Viber

Пратеник во германскиот Бундестаг, Франк Магниц, е претепан до бесознание во Бремен и од понеделникот се уште е згрижен в болница. Се работи за претседател на бременскиот оркуг на АФД (Алтернатива за Германија) која е позната по тоа што е националистичка, популистичка и евроскептична партија во Германија.

Десничарот бил брутално претепан на улица.откако бил пресретнат од тројца маскирани мажи со безбол палки во центарот во Бремен, кои го претепале и го оставиле онесвестен на улицата со сериозни повреди на главата.

Станува збор за 66-годишен политичар кој има давано ксенофобични изјави и го мрази еврото, како валута, која според него, важи за експеримент. Порано бил поддржувач на ЦДУ и канцеларката Ангела Меркел, но од 2013-та и се приклучува на десничарската партија. Има шест деца и управува со недвижнини, а во Бундестагот челнува во парламентарните групи за градежништво и за транспорт.

Во меѓувреме, освен германските медиуми, за настанот објавија и американскиот Фокс њус, британскиот Мирор и францускиот Ле Фигаро.

„Ќе останам тука уште подолго време“, објави Магниц од болница и напиша дека од сега ќе внимава каде и како се движи во јавност. Вели дека напаѓачите го удирале по главата додека не ја загубил свеста и дека не се сеќава дали му упатиле закана, ниту пак им ги видел лицата.

Во моментов во болница го чуваат двајца полицајци, а јавното обвинителство покрена истрага, при што ќе треба да се утврди дали покрај нанасување физички повреди има и обид за убиство.

Неговата партија досега била честа мета на вандализирање на канцеларии и автомобили, но немало ваков сериозен физички напад.


Можеби ќе ве интересира

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) ЧОВЕК СЕ ЗАПАЛИ ПРЕД СУДОТ ВО ЊУЈОРК: Ова се случи откако е објавено дека е избрана порота за случајот против Трамп

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) ЧОВЕК СЕ ЗАПАЛИ ПРЕД СУДОТ ВО ЊУЈОРК: Ова се случи откако е објавено дека е избрана порота за случајот против Трамп

РУСИЈА ГО ШИРИ ВЛИЈАНИЕТО: Владата на Чад се закани дека ќе ги исфрли американските трупи

РУСИЈА ГО ШИРИ ВЛИЈАНИЕТО: Владата на Чад се закани дека ќе ги исфрли американските трупи

ДИРЕКТНИТЕ НАПАДИ МЕЃУ ИЗРАЕЛ И ИРАН ЗАВРШИЈА: Техеран нема да одговори

ДИРЕКТНИТЕ НАПАДИ МЕЃУ ИЗРАЕЛ И ИРАН ЗАВРШИЈА: Техеран нема да одговори

ЕРМEНИЈА ЌЕ ВРАТИ ТЕРИТОРИЈА: Четири села ќе отстапи на Азербејџан

ЕРМEНИЈА ЌЕ ВРАТИ ТЕРИТОРИЈА: Четири села ќе отстапи на Азербејџан

МЕДВЕДЕВ: Оние кои го поддржуваат Киев сакаат да го ликвидираат Зеленски

МЕДВЕДЕВ: Оние кои го поддржуваат Киев сакаат да го ликвидираат Зеленски

ИНЦИДЕНТ ВО ПАРИЗ: Маж се закануваше дека ќе се разнесе во иранскиот конзулат

ИНЦИДЕНТ ВО ПАРИЗ: Маж се закануваше дека ќе се разнесе во иранскиот конзулат

ПРЕЖИВУВАЊЕТО НА УКРАИНА Е ВАЖНО ЗА САД: Tрамп го смени ставот?

ПРЕЖИВУВАЊЕТО НА УКРАИНА Е ВАЖНО ЗА САД: Tрамп го смени ставот?

ВО СЛУЧАЈ НА ВОЗДУШНА ВОЈНА: Клучни информации за способностите на Иран и Израел

ВО СЛУЧАЈ НА ВОЗДУШНА ВОЈНА: Клучни информации за способностите на Иран и Израел

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато