19 Април, 2024
0.0255

Во Гостивар оформена ЕВН паралелка за средношколците од регионот

Уште едно средно училиште дел од платформата на ЕВН за поддршка на дуалното образовaние

Објавено во: Мои пари 16 Септември, 2019

Добивај вести на Viber

ЕВН за прв пат годинава им овозможи на учениците од полошкиот регион да станат дел од новата ЕВН паралелка. Во Општинското средно техничко училиште „Гостивар“, 20 ученика ќе бидат дел од првата генерација на електро-монтери и електро-техничари, кои по образованието во 2022 г. веќе ќе добијат понуди за работа во ЕВН. Учениците се жители на општините кои гравитираат кон Гостивар, Тетово, Кичево, Маврови Анови и Прилеп.

На промоцијата на новиот ЕВН кабинет во ОСТУ „Гостивар“,присуствуваа министерот за Образование и наука г. Арбер Адеми, Претседателот на Управниот одбор на ЕВН, г. Штефан Петер и претставници на ОСТУ „Гостивар“.

„ Големо задоволство е кога идејата која ја имаш ќе биде прифатена и поддржана од другите. Среќни сме што проектот кој пред неколку години го почнавме прeрасна во платформа која е прифатена од сите. Горд сум на учениците, професорите,министерството,колегите и сите инволвирани што придонесоа оваа идеја да стане основа на дуалното образование. Иднината на младите е наша обврска, таа можеме да им ја обезбедиме само ако им дадеме квалитетно образование и можност да работат. Оваа платформа им го обезбедува токму тоа“ изјави г. Петер, Претседател на Управниот одбор на ЕВН.

„ЕВН е еден од најголемите наши пратнери и поддржувачи во процесот на дуалното образование. Тие од секогаш даваат голем придонес за подобрување на националниот образовен систем и за подобрување на квалитетот на генерациите кои ги продуцираат училиштата и секако и во насока на отворањето на нови работни места, истакна министерот за Образование и наука г. Арбер Адеми.Тој посочи дека оваа паралелка е посебна по многу нешта и апелираше до учениците да ги следат насоките на професорите и менторите, бидејќи само така ќе дојдат до вештини и знаења кои се неопходни за пазарот на трудот. 

г. Ибрахим Асани директорот на училиштето изрази благодарност до ЕВН за иницијативата и до министерството за поддршката. Според него оваа паралелка ќе го зголеми интересот кај младите за квалитетно образование.

ЕВН кабинетот е опремен со најсовремените уреди и заштитна опрема и алати кои ги користат и монтерите при секојдневната работа на терен. Со работа во истиот, младите добиваат можност да се едуцираат, одржуваат практикантска работа и обучуваат според европските стандарди.

Учениците ќе посетуваат практикантска работа во Корисничките енерго центри во Гостивар и Тетово, а ќе бидат менторирани од страна на стручни монтери и специјалисти од ЕВН.

Платформата „20-20-20“ почна во скопското СЕТУ „Михајло Пупин“ во 2017 г. Веќе трета генерација на ученици се образуваат во ова училиште. Во 2020г. учениците кои го завршуваат образованието ќе добијат понуди за работа во ЕВН и плата од 20.000 ден.

Можеби ќе ве интересира

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга

ВТОРА ГОДИНА ПО РЕД „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ПРОГЛАСЕНА ЗА НАЈПОСАКУВАН РАБОТОДАВЕЦ

ВТОРА ГОДИНА ПО РЕД „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ПРОГЛАСЕНА ЗА НАЈПОСАКУВАН РАБОТОДАВЕЦ

Бидете во чекор со светските модни трендови за вашата матурска вечер

Бидете во чекор со светските модни трендови за вашата матурска вечер

Вработување.ком: ТАВ Македонија е најпосакуван македонски работодавач за 2023

Вработување.ком: ТАВ Македонија е најпосакуван македонски работодавач за 2023

Ново екстра модерно казино „Luxor“ сопственост на APEX на граничниот премин Блаце!

Ново екстра модерно казино „Luxor“ сопственост на APEX на граничниот премин Блаце!

Промоција и дегустација на уникатна колекција вина на Alchemist

Промоција и дегустација на уникатна колекција вина на Alchemist

Паком ги претстави последните возбудливи иновации на Vivax Cool Day 2024

Паком ги претстави последните возбудливи иновации на Vivax Cool Day 2024

„Макпетрол“ најпосакуван работодавач помеѓу нафтените компании за 2023 година

„Макпетрол“ најпосакуван работодавач помеѓу нафтените компании за 2023 година