23 Април, 2024
0.0298

Во град каде нема работа, средовечен човек заработува од благодетите на Осоговските планини

Објавено во: Економија 26 Ноември, 2019

Добивај вести на Viber

Дека само од плата не се живее и дека секој човек треба да се потруди со дополнителни приходи да си го пополни домашниот буџет, потврдува со свој личен пример 50 годишниот  Јонче Митевски од Кратово.

Како и повеќето мали градови во земјава, Кратово не нуди големи можности за вработување, а ова најтешко им паѓа на младите.

Митевски цели 30 години собира билки и печурки во Осоговските планини, и по завршување на работното време или за време на викендите ги продава по нарачка или на тезга на пазар. Но, дополнително се занимава и со земјоделска дејност, во селото Каврак, кое е на повеќе од 20 километри оддалеченост од градот, на 1.200 метри надморска височина.

„Собирањето на билките трае од мај до август, при што собирам над 20 видови чаеви и два вида печурки. Само од тоа не може да се живее, но добро е да се обезбеди плус приход за домаќинството. Осоговските планини се навистина богати со чаеви, јас долги години се занимавам со оваа работа и луѓето веќе ме знаат, имам купувачи. Денес по пат на интернет луѓето се информираат за билките, има некои кои се особено барани и можам да кажам дека денес луѓето попрво веруваат на билка, отколку на лек затоа што во некои случаеви чаевите навистина помагаат“, вели Митевски.

Тој смета дека младите не треба да се откажуваат иако ситуацијата во земјава не е идеална, напротив, треба да се борат за својата егзистенција.

„Во текот на летото постојано одам на село, но не работам сам, ние работиме фамилијарно, правиме и оцет. Ако сакаме да опстанеме мора да работиме, друг начин нема. На денот кога се одржуваме Компиријата во Кратово, излегов да продавам тој ден и навистина бев задоволен, продадов и билки и компири, имаше доста народ за манифестацијата“, рече Митевски.

Тој порачува дека мора да се работи и дека луѓето мора да се снаоѓаат без разлика дали живеат во голем или мал град.

Според податоци од Агенцијата за вработување, во градот каде живее Митевски има 559 невработени лица.

Сања Атанасовска

Можеби ќе ве интересира

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?

ГЕРМАНСКИ СИНЏИР ГИ ОТВОРА СВОИТЕ ПРВИ СУПЕРМАРКЕТИ ВО СРБИЈА - еве каде сѐ ги има и каква храна ќе се продава

ГЕРМАНСКИ СИНЏИР ГИ ОТВОРА СВОИТЕ ПРВИ СУПЕРМАРКЕТИ ВО СРБИЈА - еве каде сѐ ги има и каква храна ќе се продава

„Лесно е да креирате политика со 2.500 евра, тешко е да преживеете со 22.500 денари“: Трендафилов - ќе бараме зголемување на минималната плата

„Лесно е да креирате политика со 2.500 евра, тешко е да преживеете со 22.500 денари“: Трендафилов - ќе бараме зголемување на минималната плата

Ангелоски: Кога ќе прогласите неработен ден во среда, негативно сте ја решиле цела недела

Ангелоски: Кога ќе прогласите неработен ден во среда, негативно сте ја решиле цела недела

Пазарен и трудов инспекторат утре ќе контролираат кој работи

Пазарен и трудов инспекторат утре ќе контролираат кој работи

ДВЕ ДАМИ ДА ВЛЕЗАТ ВО ОДБОРОТ НА ДИРЕКТОРИ НА „ЕВРОПА“ - предлог на акционер од фабриката за чоколади

ДВЕ ДАМИ ДА ВЛЕЗАТ ВО ОДБОРОТ НА ДИРЕКТОРИ НА „ЕВРОПА“ - предлог на акционер од фабриката за чоколади

КОЈ ПЛАТИ 93 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА 55 АКЦИИ - „Реплек“ станува сѐ поинтересен за инвеститорите

КОЈ ПЛАТИ 93 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА 55 АКЦИИ - „Реплек“ станува сѐ поинтересен за инвеститорите

КОЈ ЗАРАБОТИ 1,5 МИЛИОНИ ЕВРА ОД ИЗВОЗ НА ЈАГНЕШКО ЗА КАТОЛИЧКИ ВЕЛИГДЕН? Целиот извоз бил пласиран во Хрватска

КОЈ ЗАРАБОТИ 1,5 МИЛИОНИ ЕВРА ОД ИЗВОЗ НА ЈАГНЕШКО ЗА КАТОЛИЧКИ ВЕЛИГДЕН? Целиот извоз бил пласиран во Хрватска